Нов робот во форма на сурла на слон може да научи и да ги тренира своите движења на сличен начин како бебињата. Дизајнот на роботот овозможува контрола и прецизност како сурлата на слоновите, а со тренинг може да се научи да собира јаболка или да замени електрични светилки, известува New Scientist. Роботот е креација на германскиот производител Festo како доказ за концепт. Идејата е да се покаже што може да направи овој дизајн на робот. Деловите од кои е составена сурлата се 3Д-копии, а задвижувањето е остварено со пневматски мускули.
Тренингот овозможува роботот да ја запомни позицијата и промените во притисокот во вештачките мускули, ова овозможува мапирање на потезите и нивно повторување. Начинот на кој се прави ова е едноставен, операторот ја поместува сурлата до посакуваните позиции, кои потоа може да се запомнат како команда, а роботот ќе може да извршува различни функции. Тренингот ќе овозможи значително поголема примена на роботот, кој иако е креиран пред 4 години не можеше да пронајде примена, пред се бидејќи досега програмирањето на команди мораше да биде направено од експерти, а дури и тогаш се случуваше раката да не биде ниту блиску до посакуваната позиција.
[youtube]2ZF35JUNaDg[/youtube]