Хардвер од минатата недела – ASUS Zenfone 10, прегледи на Pixel Fold, ASUS ROG Ally…

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Минатата недела и немаше премногу нов хардвер. Неколку нови телефони и прегледите на Google Pixel Fold беа помеѓу најинтересните, а новиот Snapdragon 4 Gen 2 и најавата за нови чипови на Samsung се погрижија листата да не биде составена исклучиво од телефони.

ASUS Zenfone 10

Asus го претстави својот нов „flagship“-телефон, ASUS Zenfone 10. Уредот доаѓа со 5,9-инчен AMOLED дисплеј со рефреш 120 Hz. Zenfone 10 е еден од првите уреди со новиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор.

Димензиите на телефонот се 146,5 х 68,1 х 9,4 mm, а со исклучок на минималната промена во дебелината тешко е да се забележи разлика помеѓу новиот и претходниот модел. Промени има во хардверот. Покрај новиот процесор, сега има и побрза LPDDR5X меморија (до 16GB); UFS 4.0 флеш диск (до 512GB ); а капацитетот на батеријата е 4,300mAh. Екранот е 5,9-инчен AMOLED со резолуција 2400х1080, а рефрешот е 144Hz. Предната камера e во малечко дупче на дисплејот со 32МР RGBW сензор, и овозможува подобри селфи фотографии во услови на намалена видливост со резолуција 8MP.

Сепак ништо од ова не е ексклузивно за овој телефон. Она што треба да ги натера купувачите да го купат токму уредот на ASUS е нова верзија на гимбал со 6-оски. Комбинација од хардверска оптичка стабилизација, алгоритми за електроника и брзо автоматско фокусирање овозможува незаматени фотографии дури и во движење. Главната камера останува 50MP, а промена има кај широко-аголниот сензор чии агол сега е 120°.

Претпродажбата започна на 29-ти јуни, а цената на телефонот е 800 евра. Уредот е достапен во зелена, црна, бела, црвена и сина боја.

Google Pixel Fold

Оваа недела Google започна да ги испорачува првите телефони на купувачите на Google Pixel Fold. Лоша вест е дека едвај еден ден по пристигањето на телефонот дел од сопствениците веќе се пожалија на оштетени дисплеи. Некои сопственици, како Рон Амадео од Ars Technica објавија дека екранот сосем откажал. Ова секако е огромен недостаток и веројатно Google ќе има проблем да ги убеди заинтересираните да го купат новиот уред. Покрај екранот кој лесно се оштетува, недостаток на телефонот се цената и тежината.

Во моментов секако не може да бидеме ентузијасти кога телефонот е во прашање, но со исклучок на несоодветната заштита Google нема направено премногу други грешки. За Google барем засега се чини дека овие уреди се многу повеќе можност да покажат што може да се направи како комбинација од хардвер и софтвер, отколку дополнителен пазар од кој ќе заработуваат.

Димензиите на телефонот се 158,7 x 139,7 x 5,8 mm кога е отворен, и 139,7 x 79,5 x 12,1 mm кога е преклопен. Тежината на уредот е 283g, што не е малку за телефон.

Pixel Fold доаѓа со два големи екрани. Едниот е флексибилниот OLED екран со резолуција 1840 х 2092, а другиот е OLED екранот на надворешната страна со резолуција 2092 х 1080. Двата екрани имаат 120Hz рефреш. Телефонот доаѓа со Google Tensor G2 чип со 12 GB RAM. Основниот модел доаѓа со 256GB простор што е и повеќе од доволно за таблет или телефон.

Батеријата е 4821 mAh и од првите рецензии не може да заклучите какви се перформансите. Дел велат 22 часа видео без да треба да го полните телефонот; дел велат 2,5 часа работа и батеријата е речиси празна. Како ќе изгледа потребата за полнење веројатно ќе дознаеме во иднина.

Вообичаено камерите не се фокус кај телефоните со флексибилен екран, сепак благодарение на вештачката интелигенција телефонот успева да „извади“ одлични фотографии. Уредот доаѓа со тројна задна камера: 48 MP главна, 10,8 MP широко-објективна и 10,8 MP телефото камера. Предната камера е 9,4 MP, а внатрешната е 8MP.

За жал во моментов телефонот доаѓа со Android 13 оперативен систем, а сите функционалности кои сакаме да ги видиме доаѓаат на следната верзија на Android. Додека чекаме да видиме како ќе изгледа ова во иднина, нешто е веќе достапно и сега. Благодарение на големиот екран споделувањето фајлови или слики е супер едноставно. На едниот екран може да се отвори фолдерот или галеријата, а на другиот екран софтверот во кој корисникот сака да ги прати фајловите. Понатаму сѐ што треба да направи е „drag and drop“. Google објави дека веќе има 50 апликации кои се оптимизирани за „Fold“ уреди, а помеѓу нив, Netflix, Disney Plus, Hulu, YouTube, Google Meet и понекоја игра.

Веројатно можностите на Fold ќе станат уште помоќни со излегувањето на новата верзија на Android. Компанијата веќе презентираше супер интересна примена со „Live Translate“. Комбинацијата на двата екрани кои функционираат заедно е импресивна и ќе биде интересно да видиме што друго Google има во план.

Веројатно најголем недостаток за пошироко прифаќање на овие телефони е цената, но и непостоењето на вистинска потреба за ваков уред. Дали Google ќе успее со Android 14 да убеди повеќе корисници ќе видиме во иднина.

Qualcomm престави нов процесор

Qualcomm го претстави новиот Snapdragon 4 Gen 2 процесор. Овој пат процесорот е наменет за поевтините уреди. Фокусот е на штедливоста, а производителот ветува дека уредите кои ќе го користат ќе можат да работат цел ден со едно полнење.

За разлика од претходната генерација новиот процесор има и подобри перформанси, а 5G веќе е стандард. Максималната работна фреквенција на процесорот е 2,2 GHz. Дополнително уредот доаѓа со поддршка за брзо полнење. Поддржани се и FHD+ дисплеи и куп надградби за камерите, како електронска стабилизација на слика, побрзо фокусирање, и слично, пишува Engadget.

Засега нема поевтини уреди кои се достапни со новиот процесор, но Redmi и Vivo најавија дека ќе го користат чипот во своите телефони.

Google повеќе не произведува хардвер за проширена реалност

Неофицијално Google во целост е повлечен од пазарот за хардвер за проширена реалност. Компанијата со Project Glass го „отвори“ целиот пазар, но сега се фокусира на софтвер.

Од оваа година компанијата престана да работи и на последниот хардвер на кој работеше – Iris, пренесе Business Insider. Очилата за проширена реалност можеби беа жртва на отпуштања, а компанијата ја напушти и Клеј Бавор шеф за проширена и виртуелна реалност во Google. Иако во моментов проектот е во мирување неименувани вработени во Google најавија дека во иднина проектот би можел да биде „оживеан“.

До тогаш Google се фокусира на оперативен систем за проширената реалност на партнерите. Android XR ќе биде платформа за уредите на Samsung. Покрај ова работат и на нова платформа – „micro XR“ оперативен систем за  очила.

iFixit го расклопи ASUS ROG Ally

Одамна не сме имале видеа од расклопување на iFixit на ИТ.МК, ама тоа ќе се промени оваа недела. Најпопуларните сервисери, неделава ја расклопија рачната конзола ASUS ROG Ally. Добра вест е дека конзолата е многу полесна за сервисирање од конкурентот од Valve, Steam Deck. Лоша вест е дека тоа нема многу да помогне со оглед на тоа дека ASUS не обезбедува резервни делови.

Целата конзола се расклопува супер едноставно. Батеријата и дискот се вадат лесно, а дискот дури лесно може да се замени и со поголем. Џојстиците се модуларни и може да се извадат одделно од остатокот на уредот, а тоа важи речиси за сè од вентилаторите до звучниците. Производителот користел лепак за екранот, па малку е потежок за вадење.

Samsung со планови за 2nm и 1.4nm чипови

Оваа недела Samsung објави дел од плановите за иднина за технологијата за производство на чипови. Според планот компанијата во 2025-та ќе започне со производство на 2nm чипови, а во 2027-ма со 1,4nm чипови.

Првите проценки за 2nm чиповите велат дека ќе бидат 25 отсто поефикасни, ќе имаат 12 отсто подобри перформанси и ќе зафаќаат 5 отсто помалку простор од 3nm класата.

Компанијата наскоро по првите чипови ќе претстави интерфејси за LPDDR5x, HBM3P, PCIe Gen6, и 112G SerDes.

Кинески шпионски балони со американска технологија

Кинеските шпионски балони кои на почетокот на 2023 прелетаа и беа срушени над САД и Канада имаа супер застапеност во вестите. Оваа недела беа објавени првите вести од истрагата. Балоните биле преполни со американска технологија, објави Wall Street Journal. Ова треба да е доволно за да потврди дека сепак не станува збор за метеоролошки балони.

Јавноста дозна за балоните оваа година, но тие летале и собирале податоци веќе неколку години. Според истражувачите, исти балони се забележани и над Европа и Азија.

Опремата која е пронајдена во балоните може да се користи за собирање на слики, видео и слични податоци. Покрај ова пронајдени се и соларни панели, пропелери, уреди за собирање на податоци за радари.

By Awilliams684 – Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=128420966

Дел од опремата која била достапна во балоните е достапна и во продажба. Покрај американските компоненти во балонот се пронајдени и специјализирани кинески сензори и друга опрема. Добра вест е дека барем овие балони кои се срушени од воздухопловството не ги испратиле податоците во Кина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments