Сакаме целиот свет да игра заедно: Google ќе ги здружи Android и iOS гејмерите

Google сака да ги поврзе Android и iOS гејмерите. Поради ова компанијата најавува дека наскоро ќе издаде услуга која ќе овозможи редоследно мултиплеер играње и мултиплеер играње во реално време и на Android и на конкурентната iOS. Развивачите ќе можат да одберат дали сакаат да ја имплементираат оваа услуга во своите игри, а ова ќе овозможи играчите да играат заедно од различни платформи.

„Сакаме целиот свет да игра заедно“, вели Тод Керпелман од Google за Venturebeat. „Знам дека ова е малку сентиметална порака – деца кои си држат раце ширум светот – но во суштината, тоа е вистина. Сите од нас во тимот сме гејмери. Ова не значи дека само играме игри – немаме многу време за тоа – туку дека разбираме дека игрите се се помоќни“.

Слично на ова, и Microsoft пред десетина дена најави дека сака со Xbox Live да обезбеди играње на повеќе платформи, но во моментов нема најава кога ќе ја обезбеди услугата. Засега сè уште нема официјална објава од Microsoft кога ќе излезе со поддршка за останатите мобилни оперативни системи, а веста беше базирана на оглас во кој компанијата бара апликанти кои ќе помогнат во изработката на платформа која ќе овозможи играње на различни уреди и оперативни системи.

Сепак и до официјално излегување на најавените платформи, досега единствена можност за iOS и Android играчите е преку плагин за Unity кој во моментот овозможува листа на водечките играчи и достигнувања, но веќе со следната верзија ќе овозможи и мултиплеер на различни платформи, ова сепак остава голем простор за најголем дел од игрите кои не се изработени со Unity, иако постои верзија и за овие игри, пишува Verge.

Според најавата Google ќе ја презентира платформата на GDC, а голем дел од опциите ќе бидат достапни уште од денес. За денес е закажана и конференцијата за девелопери на која Google ќе се обиде да ги придобие девелоперите да ја користат нивната платформа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk