Facebook сега ги верификува официјалните фан страни на ѕвездите и големите компании. Оваа новост, ако може така да се нарече бидејќи Twitter и другите друштвени мрежи ја имаат воведено уште пред четири години, ќе ги информира корисниците кој е вистинската страна на брендот, наместо да кликаат Like на куп други лажни страни водени од фанови или луѓе што сакаат да промовираат свои продукти на туѓа слава.
Верификуваните страни ќе ги препознате преку малото плаво штиклирано знакче покрај името. За сега опцијата се користи за официјалните страни на познатите личности, брендови и влијателни институции со голем број публика. Знаејќи го ова, бидете претпазливи на скамовите кои започнаа да кружат на Facebook за да ви ги верификуваат страните.








