0 коментари 2 мин. читање 31 мај, 2013

Google сега ќе ви прикажува колку калории има во храната што ја јадете

Дали го користите Google за да дознаете повеќе за храната што ја јадете? Ако вашиот одговор е да, тогаш секако ќе ве израдува новата промена во пребарувањето која покрај секое јадење ги пишува калориите и составот.

„Одлуката за како да направиме паметен избор коге е во прашање нашата омилена храна е тешко. Затоа се надеваме дека ќе го направиме вашиот избор полесен. Од денес ќе може лесно да дознаете податоци за хранливата вредност на повеќе од 1.000 овошja, заленчук, месо и оброци, во нашиот пребарувач.“, известува Google.

Калкулаторот за калории е мало надополнување и е одличен пример на Google Knowledge Graph. „Graph ни помага да споиме работи кои се поврзано дури и кога јадењата иммат потполно кое звули потполно различно од тоа што сте го прашале“, вели Google. Па ако ве интересира нешто за јадењето можете да го прашате вашиот Android уред за хранливоста на јадењето, а асистентот ќе ви одговори за состојките, хранливоста и составот на јадењето.

Нутриционистот на Google ќе стане достапен во следниве две недели. Најпрво промените ќе започнат во САД, а потоа ќе следи остатокот на светот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top