Најголемите технички компании пред Конгресот на САД треба да објаснат дел од своите практики. Првите луѓе на Apple, Google, Amazon и Facebook пред претставниците на Конгресот на САД говореа и правдаа дел од своите практики. Голем дел од експертите сметаа дека овие компании се недопирливи и дека времето да бидат повикани на одговорност е одамна поминато.
Испрашувањето е дел од истрага која започна пред 13 месеци и досефа има над 1,3 милиони документи докази. Претставниците на Демократите и Републиканците им поставија на директорите вкупно 217 прашања. Прашањата беа повторно различни, од 30-те проценти на Apple, до зошто Google ги крие конзервативните вести.
Се чини дека интересот беше најмал за претставникот на Apple. Тим Кук доби 7 прашања и одговараше 35 минути. Сите останати претставници на компаниите одговараа барем 50 минути. За споредба Џеф Безос одговараше 13 пати, а Марк Закерберг и Сандер Пичај по 16 пати, пишува Venturebeat.
Во овој случај секоја од најголемите технички компании пред конгресот треба да одговори на различни прашања. За Amazon тоа е фер односот кон сите клиенти на компанијата; за Apple дали ја злоупотребуваат доминантната позиција на AppStore; Google ќе одговара за пребарувањето, a Facebook за купувањето на неколку компании.
Apple
Apple не е доволно интересен за конгресмените, но нема да помине без баш никаков интерес. Г. Кук помина 35 минути, а едно од ретките прашања кои можат да бидат непријатни е различни правила за различни девелопери. Дел од компаниите кои имаат сопствени апликации кои се конкуренти на софтверот на iOS, како Music или Mail, но за овие компании се плаќа 30 отсто од заработката. Дел од компаниите како Amazon со Amazon Prime плаќаат значително помалку од останатите.
Amazon
Комисијата е фокусирана на два дела од бизнисот на Amazon: Како компанијата ги користи податоците од трети компании кои продаваат на платформата, поточно дали дали ги злоупотребуваат овие податоци за да ја унапредат својата продажба.
Веројатно најинтересно беше делот во кој Џеф Безос не можеше со сигурност да потврди дека компанијата никогаш не ги користела овие податоци.
„Дозволете ми да ве прашам, г-динe Безос, дали некогаш Amazon користиел податоци од продавачот при донесување бизнис одлуки?“ – праша Преамила Јајпал.
Основачот на Amazon најпрво објасни дека оваа пракса е забранета, но додаде дека: „Не можам да ви гарантирам дека таа политика никогаш не била нарушена. Продолжуваме да го разгледуваме ова многу внимателно. Не сум задоволен што сè уште не сме го надминале ова, но ќе продолжиме да го разгледуваме.
Г. Безос беше интересен за конгресмените кои ги задржаа 59 минути.
Прашањата кои конгресмените му ги поставуваа на Сандер Пичај главно се однесуваа на пребарувањето, Google има доминанта положба кога пребарувањето е во прашање и компанијата ја користи за да ја презентира сопствени реклами на врвот на пребарувањата.
Дополнително компанијата беше обвинета дека „краде“ содржина. Ова секако се однесува на содржината која Google пребарувачот ја зема од креаторите на содржина и од другите веб-страници.
Дополнително и вообичаено беше прашањето за „замолкнувањето“ на конзервативците на платформата. Г. Пичај ја отфрли оваа идеја и објасни дека никогаш претходно немало повеќе конзервативни гласови, а како пример го посочи YouTube.
Google е компанијата која е најблиску до тоа да биде казнета за нарушување на слободата на пазарот, смета CNET.
Facebookверојатно е една од компаниите која покрај Google ќе има поголеми непријатности. Поради писмо на Марк Закерберг го испратил до финансискиот директор Дејвид Еберсман Facebook е под лупа дека компанијата го купила Instagram за да ја исклучи опасноста од конкуренција.
„Овие бизниси се во зачеток, но мрежите се веќе воспоставени, брендовите се значајни и ако пораснат би можело да ја наруши нашата работа. Со оглед на тоа што сметаме дека нашата проценка е прилично агресивна и дека сме ранливи во мобилната телефонија, љубопитен сум дали треба да размислиме да купиме една или две од нив. Што мислиш?“
По одговорот дека треба да се проверат причините зошто Facebook би купил некоја друштвена мрежа, Марк одговара:
Комбинација на неутрализирање на конкурент и подобрување на Facebook. Има мрежен ефект околу друштвените производи и конечен број различни друштвени механизми што можат да се измислат. Откако некој ќе победи во одредена механика, тешко е за другите да ги надминат без да направат нешто поразлично“.
Доколку конгресмените не се согласат со процената на г. Закерберг дека со Instagram се надополниле, а не е прашање на елиминирање на конуренција, Instagram би можел да се оддели од Facebook и да стане спиноф компанија. Слично би можела да биде ситуацијата и со WhatsApp.
Ова е прв пат директорите и во дел основачите на најголемите технолошки компании заедно да се најдат пред конгресмените и да одговараат на прашања кои веројатно и не им се премногу пријатни.
Без разлика која ќе биде одлуката на конгресмените четирите компании имаат монопол. Можеби растурање на компаниите е престрога казна, но секако ќе мора да се пронајде решение за следната генерација на иновативни компании да може да продолжи да работи на слободниот пазар. Членовите на комитетот секако делуваа дека сметаат дека четирите компании се премногу моќни и ќе биде потребна регулација.