Полицијата и демонстрантите водат крвава битка за Гези паркот во Истанбул; хаштагот #occupygezi стана светски тренд

Веќе трети ден се води битка меѓу турските демонстранти и полицијата околу истанбулскиот градски парк Гези. Според некои непотврдени извори, дури 10.000 луѓе се собрале да го заштитат „последното зелено јавно место во градот“ на чие место е предвидено да се гради трговски центар како дел од поголема реконструкција на градот во која се вклучени и подземни тунели за пешаците. Во обид да ги разбие протестите полицијата употребува солзавец и водени топови. Покрај демострантите, со гасот биле зафатени и група деца од основно училиште и туристите од околните хотели. Според некои очевидци, биле запалени и шаторите на демонстрантите поставени во паркот со цел да се стопира и ноќното демолирање. Веќе има потврдени извештаи дека има над 100-тина повредени лица.

Mирните протести кои започнаа во понеделникот беа фокусирани на паркот, но подоцна откако се пријавија првите случаи на полициска бруталност се претворија во масовни протести против турскиот премиер Тајип Ердоган и неговата исламистичка партија. Протести против властите имаше и пред неколку недели, кога демонстрантите се противеа на рестрикциите за продажба на алкохол и забрани за јавно искажување на љубов.

Иако се работи за локален протест, турските граѓани успеаја да го претворат во светски тренд на Twitter. Хаштаговите #occupygezi и #deringeziparki се најзборуваните трендови во целиот свет. Илјадници твитерџии застанаа на страната на демонстрантите ги споделија сите твитови и слики за полициската бруталност со цел да го привлечат вниманието на светската јавност и поголемите медиуми. Покрај Twitter, демонстрантите се свртија и кон YouTube и блоговите да ги пренесат пораката и видеата од настаните.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments