Meta и TikTok не сакаат да ја финансираат сопствената модерација во Европа

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Во последниве години, регулаторните тела низ светот се соочуваат со нов предизвик: „Како да се справат со растечката моќ и влијание на големите технолошки платформи“. Европската Унија, во таа смисла, презеде конкретни чекори за да обезбеди дека овие компании преземаат поголема одговорност за содржината која се споделува на нивните платформи. Новите правила воведени од ЕУ ќе ја зајакнат заштитата на потрошувачите. За спречувањето на ширење на штетна содржина, платформите активно треба да учествуваат во модерацијата на содржините.

ЕУ сака дигиталните платформи како Facebook, YouTube и останатите, активно да учествуваат во борбата против штетна содржина, вклучително и дезинформации. Овие мерки бараат од големите онлајн платформи да инвестираат во системи за модерација и да ги покријат трошоците за нивната имплементација и одржување.

Унијата смета дека за овие усогласувања и следењето на работата на платформите во 2024 година се потребни 45 милиони евра. Овие средства ќе бидат покриени од компаниите кои ќе бидат следени. Meta објави дека за своите платформи треба да плати 11 милиони евра. Според актуелниот закон во Европа големите онлајн платформи треба да платат максимум 0,05 отсто од годишната заработка, пренесе Politico.

Meta и TikTok објавија дека ќе ја обжалат одлуката на Европската Унија. Двете компании не се согласуваат со делот кој треба да го платат за покривање на трошоците на регулаторите на ЕУ. Сега, бараат нов начин за финансирање на следењето на усогласеноста со новите правила пред суд. Барем засега нема податоци дали двете компании ќе излезат со сопствен предлог.

Сметаат дека тоа што некои од платформите плаќаат многу, а некои ништо, ја нарушува конкуренцијата. Дел од платформите кои се опфатени со законот се Facebook, Instagram, TikTok, и YouTube.

„Во моментов, компаниите кои бележат загуба не мора да плаќаат, дури и ако имаат голем број на корисници или претставуваат поголем регулаторен товар, што значи дека некои компании не плаќаат ништо, оставајќи ги другите да плаќаат непропорционален дел од вкупниот износ“, – изјави портпаролот на Meta.

Проблемот произлегува од начинот на кој се пресметуваат овие давачки за кои Meta и TikTok сметаат дека не е фер. Големите компании кои немаат никаков или имаат мал профит не плаќаат ништо. Изненадувачки ова не е кратка листа, ниту на неа се наоѓаат анонимни компании. Amazon, X, Snap, Pinterest и Wikipedia благодарение на тоа што немале заработка во 2022 година, ќе треба да платат скромни суми. Сепак, иако заработката е минимална, ова се гиганти за чие целосно покривање се потребни значителни ресурси.

Платформите како на пример Wikipedia веројатно никогаш нема да имаат значителна заработка. Поради ова, трошоците за нивно следење ќе бидат покриени од компании како Meta и Google.

Пресметките на комисијата покажале дека во 2024 година ќе бидат потребни 150 вработени за следење на работата на најголемите компании. Секоја од овие платформи имаа над 45 милиони корисници во државите членки на Унијата. Оваа бројка соодветствува на 10% од популацијата на ЕУ. Бројот на корисници во државите членки е еден од условите кои треба да биде исполнет за некоја платформа да влезе на листата „големи“.  Дополнително за исполнувањето на условите платформата може да има 10 000 активни деловни корисници годишно во последните 3 години; годишен обрт од 6,5 милијарди евра во последните три години; просечна пазарна капитализација од најмалку 65 милијарди евра или ако обезбедува основна услуга на платформа во најмалку три земји-членки на ЕУ.

Додека Meta и TikTok се спротивставени на начинот на кој се пресметува нивниот удел, Amazon и Zalando пред судот ќе се обидат да докажат дека воопшто не треба да бидат на овие листи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk