Европската Комисија покрена истрага за анти-компетитивност помеѓу Apple и Samsung, компании кои се вклучени во повеќе од 20 судски процеси во 10 држави, тужејќи се за прекршување на патенти, со цел да открие дали овие компании ги прекршуваат европските закони.
Европската Комисија има испратено барања до двете компании за информации поврзани со наметнување на стандардно релеванти патенти во мобилната телефонија. Според неименуван извор, овие барања се стандардна процедура.
Стандардно релевантни патенти се оние патенти кои се веќе прифатени како технолошки стандарди низ целиот свет, што во случајот помеѓу Apple и Samsung, овие патенти се однесуваат на безжична 3G технологија. Оттука, истрагата на Европската Комисија повеќе е наменета за Samsung, бидејќи тужбите на Apple се однесуваат на дизајните на iPhone и iPad, кој се наводно украдени од корејската компанија.
Apple сè уште нема ништо изјавено во врска со истрагата на Европската Комисија, додека од Samsung изјавија дека компанијата до крај останала посветена на фер, разумни и недискриминирачки услови за линценцирање на своите патенти.
Доколку Европската Комисија открие дека се прекршени европските закони за анти-конкурентоност, тогаш може да ја казни компанијата со 10 отсто од глобалниот приход.







