Нови откази во ИТ индустријата: Google отпушти 12.000 вработени, Salesforce 8.000, IBM 3.900, SAP 3.000…

Microsoft, Salesforce, SAP, IBM и Google последниве десет дена најавија дека ќе мораат да го намалат бројот на вработени. Компаниите ќе отпуштат поголем број на вработени, од 12.000 во Google, до 3.000 во IBM, а причината за ова е забавениот раст, непродуктивноста и економските случувања. Microsoft и Google им се приклучија на останатите големи и помали компании од секторот кои минатата година ја завршија со кратења на бројот на вработени. Според податоците од Layoffs.fyi само во првите 25 дена од 2023 година се отпуштени 57.601 вработени од 185 компании во ИКТ индустријата.

Отпуштања во технолошките компании од почетокот на 2023 – извор Layoffs.fyi

Официјално отпуштањата во Google беа објавени минатата недела. Неофицијално, шпекулациите за отпуштања започнаа на крајот на ноември, кога компанијата ја претстави новата методологија по која ќе ја оценува работата и напредокот на работниците. Бројките во шпекулацијата беа нешто пониски. Се шпекулираше со 10.000 отпуштени, а Google објави дека ќе отпушти 12.000 вработени Пред да ја донесе одлуката и да отпушти 6% од вработените, сегашниот директор Сундар Пичај се консултирал и со основачите на Google.

„Ова е збогување со некои неверојатно талентирани луѓе на чие регрутирање работевме напорно, и уживавме да работиме со нив. Многу ми е жал поради ова. Фактот дека ова ќе влијае на животите на вработените во Google многу ми тежи. Преземам целосна одговорност за одлуките кои не доведоа до тука…“, вели Пичај.

„Ако не дејствуваме јасно и одлучно порано, може да го усложниме проблемот и да стане полошо. Ова се одлуки кои морав да ги донесам“.

Вработените кои ќе бидат отпуштени ќе добијат отпремнина. Отпремнината е структурирана да ги „награди“ отпуштените со подолг стаж во компанијата, пренесе NDTV. Покрај намалувањето на бројот на вработени, оваа година и раководството на компанијата нема да може да смета на бонусите кои вообичаено ги добиваат.

Намалувањето на бројот на вработени ќе ја подобри финансиската состојба на компанијата, па ќе може да продолжат да инвестираат во клучните приоритети.

И Microsoft со над 10.000 отпуштања

Минатата недела отпуштања најави и Microsoft. Компанијата во 2023 година ќе отпушти 10.000 вработени. Ова претставува 5% од бројот на вработени во Microsoft.

„Прво, бевме светоци како клиентите го зголемуваат своето трошење за време на пандемијата, а сега гледаме како го оптимизираат трошењето за да прават повеќе со помалку“, вели Надела во порака до вработените. „Исто, гледаме и дека организациите во секоја индустрија и географија се претпазливи бидејќи некои делови од светот веќе се во рецесија, а други делови ја очекуваат“.

Отпуштените вработени ќе добијат отпремнина, здравствено осигурување во следните 6 месеци, известување 60 дена пред отпуштањето…

Сепак Microsoft не го замрзнува вработувањето и компанијата ќе продолжи да вработува во следниот период, во клучни и стратешки области.

Годината започна со отпуштања

Само Google, Meta, Amazon и Microsoft веќе имаат отпуштено, или најавиле отпуштање на над 40 000 вработени. Раководството во дел од компаниите им се извини на вработените за погрешните проценки за растот. Најголем дел од вработувањата се направени во различна економска реалност од онаа која ја гледаме денес. Покрај овие компании во последните неколку месеци значителни отпуштања имаше и во Twitter, Salesforce, Stripe, Cisco…

Eдинствена компанија која досега не е на листите е Apple.

Hajмногу отпуштања од почетокот на пандемијата до денес

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix Global

Fullstack Developer

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk