1 коментар 2 мин. читање

Француски стартап го обвини Google за монопол

Google сe соочува со голем број на обвинувања поради злоупотребата на моќта која ја користи да ги промовира своите сервиси пред конкурентските. Овие обвинувања доаѓаат од различни сектори, како во САД така и во Европа. Најновото обвинување доаѓа од француската компанија Twenga, која планира да поднесе жалва до Европската Комисија во врска со неправедното рангирање од страна на Google.

Twenga е пребарувач за купување, кој има проблем при рангирањето на Google, бидејќи американската компанија му дава предност на својот пребарувач за купување. Главниот човек на Twenga, Бастиен Дукло, за The Next Web изјави дека тоа што Google го прави е нефер и анти-компетитивно. Twenga е француска компанија која е активна во 15 држави, има над еден милион корисници и над 420.000 производи од 250.000 продавници. Поради намаленото рангирање, приходот на компанијата се намалил, и со тоа била приморана да отпушти 43 од 130 вработени.

Бастиен Дукло исто така изјави и дека тоа што Google го прави, е исто што и Microsoft го правеше со Internet Explorer кога го инсталираше во секој Windows, и со тоа заканувајќи им се на сите конкуренти. Ова доведе Европската Комисија да го примора Microsoft да им овозможи на европските корисници да одберат кој веб прелистувач ќе го користат. Според Дукло, вакво нешто треба да биде направено и врз Google, и со тоа да им се овозможи на корисниците да одберат кој сервис ќе го користат, без да им биде наметнуван избор.

Минатата година, Европската Комисија спореведе анти-компетитвна истрага откако голем број на веб пребарувачи поднесоа жалби дека Google неправедно ги рангира, давајќи им предност на своите сервиси и производи. Во август оваа година, дури девет европски компании имаат поднесено жалби.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top