Европскиот регулатор и порача на Nokia дека судски спорови за секој патент кој го поседуваат не се опција со која може да профитира. Регулаторите и порачаа на компанијата да не стане „патент-трол“ откако производството на телефони отиде во рацете на Microsoft, а Nokia го задржа портфолиото на авторски права, јавува Associated Press.
„Со оглед на тоа дека компанијата го задржа своето патент портфолио, дел од нас беа загрижени дела компанијата би можела да се обиде поскапо да ги наплаќа патентите од своето портфоли… Сепак тврдењата дека Nokia ќе станат патент тролови или покултурно, ентитет кој ќе ги потврдува патентите, се отфрлени“, вели Хоакин Алмуниа по повод аквизицијата на Nokia од Microsoft.
Во моментов оваа опасност не била, ниту може да биде тема на разгледување. Сепак доколку Nokia започне да ги злоупотребува своите патенти без размислување г. Алмуниа и регулаторите ќе превземат анти-монополски мерки против компанијата.








Microsoft е патент компанија, прават 2 миљарди долари годишно само од патенти. Добар бизнис модел :) http://www.businessinsider.com/microsoft-earns-2-…