Codecademy ја издаде првата едукативна апликација за iPhone, Codecademy: Hour of Code, која треба да ви помогне да научите да кодирање. Сепак цел на апликацијата е повеќе разонода, а пред се да ве заинтересира за програмирањето колку што може во еден час колку што ви е потребно да го завршите вежбите.
Апликацијата ќе ги едуцира корисниците за: видови на променливи, променливи, споредба, условно извршување на наредби. „Лекциите“ се поделени во пет поглавја, а секое е составено од неколку примери и прашања. Со оглед на тоа дека е наменета за почетници, прашањата се лесни, а апликацијата преку текст го наградува корисникот за точните одговори. Покрај ова конечната оценка од апликацијата може да ја споделите и на Twitter.
„Мислиме дека луѓето треба да ги научат овие работи за да им помогне да прават работи и добро да работат во 21-от век – и треба да учат секаде и во било кое време“, вели ко-основачот на Codecademy, Зак Симс.
