0 коментари 2 мин. читање 16 август, 2021

Европа конечно ќе предложи универзален полнач за сите телефони

Законодавците во Европа се подготвени во септември да предложат предлог закон со кој сите паметни телефони на пазарот ќе мора да може да се полнат со универзален полнач. Одредбата ќе важи за сите производители и за сите 27 држави членки на Унијата.

Во 2019 половина од сите телефони во Европа се полнеле преку  USB micro-B, 29% со USB-C, и 21% преку Lightning приклучок, пренесе Yahoo Finance. Ако се усвои законот, сите телефони ќе мора да се полнат со ист полнач, или преку некаков адаптер помеѓу полначот и телефонот.

Овие промени треба да придонесат за намалување на загадувањето со електрична опрема предизвикано со различни полначи. Во прв период ова ќе важи за паметни телефони, но нема да биде никакво изненадување ако во иднина универзалниот полнач се префрли на повеќе различни уреди.

Apple, Samsung, Huawei и Nokia во 2011 потпишаа меморандум за хармонизирање на полначите за новите модели на паметни телефони. Најголем дел од производителите сега се префрлени на USB-C. Сепак ниту 13 години не му беа доволни на Apple да се подготви за единствен полнач за сите паметни телефони. Компанијата направи исчекор со iPad на кој додаде USB-C, но кога iPhone е во прашање полначот не е подготвен.

Законот кој треба да биде претставен пред Европската Комисија ќе треба да биде и изгласан и ратификуван пред да стапи на сила. Секако доколку се усвои законот најпогоден производител ќе биде Apple.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top