Франција: Google Analytics ја прекршува GDPR регулативата

во ИТ.ЕУ

На почетокот на годината Австриската агенција за заштита на податоците донесе одлука според која Google Analytics е спротивен на Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Оваа недела и француската агенција за заштита на податоците донесе идентична одлука, користењето на Google Analytics не е во согласност со GDPR.

Решението на агенцијата дојде со наредба за три француски веб-страници да ја усогласат својата работа со GDPR во следните 30 дена. Ако не успеат да ги исполнат овие услови компаниите ризикуваат висока казни. Според законот би можеле да платат до 20 милиони евра или 4% од годишниот промет.

Како и во случајот со Австрија и овој пат претставките до француската агенција дојдоа од Европскиот центар за дигитални права (noyb). Центарот предупредил за трансфер на податоци помеѓу САД и ЕУ. Согласно со GDPR, податоците на граѓаните на државите членки на Европската Унија мора да бидат чувани и обработени во Европа. Законот не дозволува личните податоци да бидат „вадени“ надвор од европските граници.

Google Analytics е сервис на Google кој ги следи корисниците и креира детални извештаи за сообраќајот на страниците. Страниците го користат да се здобијат со подобри податоци за својата публика. Дел од податоците кои се следат со Google Analytics се: колку долго корисниците се задржуваат на страниците; колку страници прегледуваат при посета; колку луѓе ја посетуваат страницата; колку од посетителите се враќаат повторно. Колачињата за следење според правилникот на Европскиот супервизор за заштита на податоци се лични податоци. Ова секако значи дека за нив и податоците кои се добиваат е потребна поголема безбедност.

Одлуката на француската агенција е само уште една потврда на одлуката на Европскиот суд на правдата. Во јули 2020 „Privacy Shield“ е прогласен за недоволна заштита на податоците на Европјаните. „Privacy Shield“ е законска рамка со која се уредува начинот на кој може да се споделуваат лични податоци на државјаните на државите членки на Европската Унија, помеѓу Европа и САД. Рамката се однесува на пренос, чување и обработка на податоците за комерцијални цели и треба да го олесни преносот на податоци за американските компании чии корисници се во Европа. „Privacy Shield“ е замена за „Safe Harbour“-рамката која Европскиот суд на правдата ја прогласи за противзаконска во 2015 година. Истата судбина на 16-ти јули 2020 ја имаше и „Privacy Shield“, откако Европскиот суд на правдата процени дека не е во согласност со Законот за заштита на податоци.

Што понатаму

Без сомневање ова ќе значи дека наскоро уште повеќе држави ќе донесат слична одлука. Google Analytics е секако најпопуларната алатка за веб статистика. Сепак за најголем дел од европските веб-сајтови и сервиси овие одлуки значат дека наскоро би морале да се префрлат на платформи кои ги чуваат и обработуваат податоците во Европа. Германија, Шпанија, Португалија и Полска во следните месеци би можеле да го следат примерот на Австрија и Франција, јави AdWeek.

„Интересно е да се види дека различните европски власти за заштита на податоците доаѓаат до истиот заклучок – употребата на Google Analytics е нелегална. Постои европска работна група; Претпоставувам дека овие акции се координирани и други агенции ќе донесат слична одлука“, вели Макс Шрем, почесен претседател на noyb.eu.

За Google, но и останатите компании кои собираат податоци ова значи дека во иднина би морале да ги чуваат податоците на Европјаните во Европа. Сепак, тоа не е решението за кое за залага Макс Шремс. Наместо ова, посакува законодавците во САД да донесат одлука за подобро чување на податоците. Со тоа ќе се спречи постоење на два различни продукти за Европа и САД.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk