Deja vu сака да ги здружи македонските купувачи на second hand работи

во ИТ.МК

Déjà vu е стартап со едноставна идеја – креирање на единствена онлајн локација каде што ќе можат да се соберат сите заинтересирани за купување и продавање на постара, но зачувана облека. „Second hand“ продавниците не се новитет, но во Македонија не постои заедница, што е токму идејата на стартапот. Да креира заедница и онлајн продавница каде заинтересираните ќе можат да менуваат, продаваат и купуваат стари работи.

Покрај облеката, чевлите, продавницата ќе нуди и можност за продажба на накит, но и останати предмети. Од стартапот се надеваат дека ќе им овозможат на своите корисници да ги испразнат плакарите од облеката која не ја користат, а притоа и да заработат. Во Македонија има неколку продавници за „second hand“ облека, иако за сега нема онлајн локација каде би можеле корисниците сами да ја понудат облеката која не им е потребна. Можеби најголем проблем со кој ќе се соочат во Déjà vu е недостатокот на навика, но и на мал број корисници кои купуваат second hand облека.

Déjà vu е дел од Smart Idea Challenge на New Man’s Business акцелераторот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајко
Трајко
11 years ago

„….иако за сега нема онлајн локација каде би можеле корисниците сами да ја понудат облеката која не им е потребна. …“
Абе колку шо знам, жената дома има акаунт на mojagarderoba.mk и таму ги нуди своите постари парталчина, а и одвреме-навреме купува некое парталче (second hand).
Значи, постои онлајн локација….