Дарко Булдиоски: “Mobile first” стратегијата е еден од главните фокуси на 5-тиот AllWeb

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа, ИТ.МК

Image Courtesy of Facebook/AllWeb

Маркетинг агенцијата NewMediaMK веќе петта година по ред ја организира конференцијата за дигитален маркетинг AllWeb. Конференцијата ќе се одржи на 18-ти ноември во Скопје, а програмата на конференцијата има говорници како Мајк Бутчер од TechCrunch, Кеи Шимада од една од најглобалните маркетинг агенции Dentsu, Љиљана Павловиќова од SocialBakers, Ерик Меијер од Deutsche Telekom, Роберт Петковиќ од хрватскиот Agrokor и многу други…

Форматот останува ист: еднодневна конференција, со микс на презентации и панел дискусии, одлични говорници и супер можност за професионално дружење.

allweb-crew

Тимот кој го организира AllWeb / Image Courtesy of Facebook.com/AllWebMK

Направивме краток муабет со Дарко Булдиоски, ко-основач на NewMediaMK, околу тоа што може да очекуваме на 18-ти ноември.

Јубилејна 5-та година… што е тоа што AllWeb ќе задржи како формат од изминатите години а што е тоа што ќе промени овој пат?

Ние не сакаме оваа година да ја третираме како јубилеј, прерано е. Ќе ни создаде повеќе притисок. Едноставно сакаме да одиме секоја година чекор или два понапред во сите погледи. Она што ќе биде, за нијанса, различно е бројот на говорници. Сега за сега во план е истиот да биде малку помал од претходните години. Желбата за повеќе луѓе на сцена и повеќе различни теми и дискусии секогаш е присутна, дали ќе издржиме да се исконтролираме докрај оваа година ќе видиме, планот е да има промена тука. Она што останува е фокусот на релевантни, квалитетни и актуелни говорници на сцената со теми кои ќе придонесат искуството на секој посетител да биде на врвно ниво.

Имате одлични гости како Кеи Шимада, Мајк Бутчер и куп други кои доаѓаат од различни индустрии. Имајќи го во предвид ова, кои се главните теми и фокуси на конференцијата годинава?

Во програмата има различни гости кои носат многу различни искуства. Како и секоја година темите ќе се движат во еден широк опсег, но она што не води оваа година е т.н. mobile first стратегија. Фокусот ќе биде на навиките и однесувањето а со тоа и комуникацијата на т.н. мобилни корисници. Комуникација во движење, констатно барање на нови канали и целни групи за маркетинг и ефективна комуникација. Глобалните маркетинг експерти веќе некое време првично размислуваат како ќе изгледаат на малите екрани на паметните телефони и како ќе предизвикаат посакувана интеракција, сметаме дека е време тоа да стане доминантна пракса и кај нас.

 Која е идеалната публика на конференцијата?

Како и изминатите години главна целна група се преставниците на компаниите, брендовите и организациите. Во прв план се луѓето одговорни за маркетинг, комуникации, односи со јавност но ова година нивото на говорници и темите кои ќе бидат покриени сериозно ќе ги вклучи и лицата одговорни за стратегиски развој, високите менаџерски структури и секако кај помалите компании тоа се нивните извршни директори или сопственици а не смееме да ги заборавиме и претприемачите.

Дел од најавените гости доаѓаат од страна, што е со локалниот пазар?

Понекогаш се мислам што е поголем предизвик да се обезбедат квалитетни говорници од надвор или наши, од Македонија. Сцената на AllWeb од секогаш била и ќе биде отворена за споделување на локалните искуства и знаење, но и покрај тоа навистина ни е тешко да идентификуваме поединци кои ќе можат да ја делат сцената со останатите. Ќе има локалци, тоа секако, но во кој формат тие ќе бидат на сцената и која тема ќе се дискутира ќе се дознае подоцна. Искуството покажува дека локален панел е добар рецепт, може да го повториме и оваа година.

Картите за конференцијата се веќе во продажба. Има Super Early Bird до 10-ти септември по цена од 50 евра, па потоа започнуваат Early Bird билетите по цена од 100 евра и стандардните после тоа се со цена од 150 евра.

Се гледаме на AllWeb!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk