0 коментари 2 мин. читање 9 септември, 2016

Hitman се враќа на 27 септември

По одлични четири епизоди, нашиот омилен платен убиец се враќа во петта епизода, насловена како Freedom Fighters. Со претпоследната епизода од оваа сезона, Hitman доаѓа во Америка, поточно во Колорадо, а, според издавачот Square Enix таквото нешто воопшто нема да е лесно.

„Ова е една од најтешките епизоди“, вели претставник од IO Interactive, студиото задолжено за играта. „Не само што имате четири мети за елиминирање туку и сте на непријателски терен од самото стапнување во Колорадо“. Според претставникот, мисијата има за цел да го поплочи патот за незаборавно финале кое полека се прикрадува во шестата и последната епизода.

Како и претходните епизоди така и во Freedom Fighters, агентот 47 има целосна слобода во пристапот, а присутни ќе бидат и 70 предизвици чие комплетирање ќе отклучува нова опрема, оружја и предмети.

3125390-5821893280935-605-47832044399c10b11ea2be0a0fedaab0

Последната шеста епизода ќе биде сместена во Јапонија, а би требало да излезе некаде пред крајот на годинава. Штом излезе и последната епизода, Square Enix планира да ги пушти во продажба сите шест епизоди и три бонус мисии. Таквиот диск би се појавил во продавниците од 31 јануари.

Во случај да барате уште подеднакво-интересни наслови кои ќе излезат во септември, дефинитивно консултирајте се и со нашата листа со најочекуваните игри!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top