Instagram ја прекина поддршката за Twitter cards, што значи дека фотографиите од овој сервис кој беше купен од Facebook, повеќе нема да се прикажуваат на Twitter. Kомпанијата се реши на ваква одлука бидејќи сака повеќе внимание да обрнат на својот веб-сајт и негово подобрување.
Сепак, благодарение на развивачот Мајкл Шонфелд, корисниците на Chrome ќе може повторно да уживаат во ефектите на Instagram фотографиите и ќе може директно да ги прегледуваат на Twitter.
Инсталирајте го додатокот InstaTwit, отворете го Twitter.com и Instagram фотографиите повторно ќе почнат да се прикачуваат. Во овој момент, достапна е само Chrome екстензија, а во брзо време се надеваме дека ќе има решение и за корисниците на Firefox, Safari и другите прелистувачи.








