Gen Z преферира да пребарува на социјалните мрежи наместо на Google

Неприкосновениот Google пребарувач го смени начинот на живот на речиси секој еден човек на планетата. Драстично ја промени достапноста на информациите и брзината со која се стигнува до нив. Со постојана надградба, Google расте и понатаму е на врвот.

Но дали пополека Gen Z го заменува Google со пребарување на социјалните мрежи? Со оглед на тоа што голем дел од поминатото време пред екраните е всушност на социјалните мрежи, не е ништо чудно што сега тие се користат како пребарувачи.

Во истражување за локално пребарување на интернет, во кое биле вклучени 1,002 корисници во САД, Google се наоѓа на третото место за возрасната група Gen Z, пред него се наоѓаат Instagram и TikTok.

Резултати од истражувањето спроведено од SOCI

,,Google е во интензивна битка да ја задржи својата популарност во пребарувањето кај помладите генерации, изјави Демијан Ролисон од маркетинг платформата SOCI.

Кај Gen Z, Instagram е на првото место со високи 68%, TikTok е на второто место со 62%, додека пак Google е за нијанса подолу, односно тој е на третото место со 61%. На четвртото место се наоѓа Snapchat со 45%, додека пак Facebook е на последното место како социјална мрежа за возрасни.

Ова практично значи дека повеќе од две третини од младата генерација пребарува на Instagram, што покажува дека Instagram е водечката платформа за корисниците и компаниите. Не е ни малку чудно тоа што Instagram e на првото место, бидејќи маркетингот и односите со јавност на компаниите чиј што таргет се младите, во најголем дел се насочени на Instagram.

Дополнително, кога станува збор за барање на место за ручек, Instagram и TikTok се доста покористени од Google. На конференцијата на Google во 2022, извршниот директор на компанијата изјавил дека 40% од младите корисници ги користеле Instagram и TikTok за барање место за ручек наместо Google.

Во ова истражување не се вклучени најмладите, односно корисниците под 18 години, но со оглед на резултатите, многу веројатно е дека и во таа демографска група на врвот би биле социјалните мрежи како Instagram и TikTok пред Google.

За разлика од Gen Z, Google како пребарувач е неприкосновен во другите демографски групи, односно 68% во возразната група 25-34, 76% во возрасната група 35-44, 74% во возрасната група 45-54, 79% во возрасната група 55-64 и 72% за највозрасните, односно 65+.

Друг интересен факт е тоа што во ова истражување не е вклучен ниту еден LLM модел како опција, со оглед на експанзијата и популарноста која што ја добија последнава година, веројатно би имале интересни бројки.

Дали Google ќе го изгуби приматот на најпопуларен пребарувач? Дали социјалните мрежи како Instagram и TikTok ќе се користат за сѐ повеќе намени или пак вештачката интелигенција со своите LLM претставници како ChatGPT, Bard и Gemini ќе направи драстични промени во делот на пребарувње? Оставаме времето да покаже…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk