Апликација на денот: Модифицирајте го вашиот Android со Smart Launcher

во Мобилни, Совети

Android е отворена платформа и може да кажеме дека секој може да си прави какви модификации сака. За модифицирање на вашиот Android паметен телефон има многу апликации, а една од нив која ја избравме како апликација на денот е Smart Launcher. Со oваа апликација можете да направите вашиот телефон да изгледа како што сакате, Windows Phone, iOS или некаков сосема трет изглед. За каква апликација се работи можете да видите од самиот слоган – Simple, Light, Fast!

Откако ќе го инсталирате Smart Launcher, при првото вклучување ќе бидете прашани кои ви се примарни апликации за извршување на одредени работи, пример – камера, повици, пораки и сл., како и кои апликации да ви бидат поставени на почетниот екран. Smart Launcher нема повеќе екрани во споредба со стандардниот Android почетен екран, додека виџетите можете дополнително да ги инсталирате.

За разлика од останатите изгледи, кај Smart Launcher менито за избор на апликации е од левата страна. Доколку некоја апликација не е во својата категорија, можете слободно да ја префрлите каде што и е местото. Теми, виџети и останат вид на додатоци за Smart Launcher можете да преземете од Google Play маркетот.

Преземи го Smart Launcher, а доколку сакате да тестирате и други слични апликации, можете слободно да пробате некоја од овие: ADW, Zeam, Go Launcher, Nova, AtomICS. Сите се бесплатни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk