Официјално е: Facebook има 500 мил. корисници и ги стартува приказните
Од оваа утро, 500 милиони луѓе ширум светот активно го користат Facebook да останат поврзани со пријателите и луѓето ооклу нив, вели Марк Зукерберг, основачот на мрежата.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Од оваа утро, 500 милиони луѓе ширум светот активно го користат Facebook да останат поврзани со пријателите и луѓето ооклу нив, вели Марк Зукерберг, основачот на мрежата.
Доста интересни луѓе можат да се сретнат по друштвените мрежи. Една од нив е Јелена Јенсен, која покрај тоа што е привлечна жена и порно актерка, Јелена е и програмер која работи со PHP, HTML, Javascript... и си го одржува својот сајт, како и сајтот на неколку други девојки.
Wikileaks во своето кратко 4 годишно постоење има објавено повеќе доверливи документи одошто сите медиуми во светот заедно, вели Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, во интервју за TED.
Благодарение на iPad-от и iPhone 4, и покрај инцидентот со антената, популарноста на Apple-овите уреди расте, а компанијата забележува рекордни профити.
Објаснувајќи за како преку друштвените мрежи дознал за некои уникатни бразилски птици и досадни коментатори, Етан Зукерман, ко-основачот на Global Voices Online, вели дека има неколку нешта што можат да се научат од друшвените мрежи.
Со 8 од 8 погодени победници октоподот Пол стана атракција на Светското фудбалско првенство. А сега, малиот прогнозер продолжува да погаѓа резултати од секојдневието преку мобилна апликација за iPhone, iPad и iPod Touch.
Дваесет и три годишниот Алексеј Каретников е уапсен под основи на шпионажа и вратен назад во Русија, пишува Washington Post велејќи дека американските власти се сомневаат дека тој е 12-тиот член на руската шпионска група неодамна откриена во САД.
Според Goldman Sachs, глобална инвестициона компанија со седиште на Wall Street, Аpple-oвиот iPad е револуционерен уред кој ќе го освои пазарат. Анализирајќи ги пет клучни точки на корисничкото искуство Goldman вака го оценува iPad-от:
Се повеќе се закачуваме на друштвените мрежи додока сме на работа, вели истражувањето на Trend Micro. Според анализата, 1.600 интернет корисници, кои користат имејл и се по 5 часа дневно на компјутер, од 4 земји: САД, Британија, Германија и Јапонија во последните 2 години се почесто, поточно 5% повеќе се закачувале на друштвените мрежи додека се на работното место.
Пол Цеглиа вели дека во 2003 година инвестирал 1000 долари во Facebook за што му следува 84% од компанијата која сега вреди милијарди.
Гугенхајм во соработка со YouTube ги повикува сите уметници и ентузијасти до 31 јули да закачат креативно уметничко видео на YouTube.com/Play. Најдобрите 200 ќе бидат преставени на YouTube каналот на Гугенхајм, a потоа група уметнички експерти ќе одберат 20 видеа кои ќе бидат претставени во изложба во познатитите Гугенхајм музеи, првин во Њу Јорк, па во Билбао, Венеција и Берлин.
Финската компанија ја повика руската полиција да помогне да конфискуваат „неавторизиран Nokia имот“ од блогерот Елдар Муртазин кој за рускиот Mobile-Review.com објави рецензија на N8 прототипот.
YouTube стартува интересна кампања повикувајќи ги луѓето ширум светот да снимат момент од еден ден, 24 јули. Тој момент потоа ќе биде ставен во документарец кој ќе биде продуциран од оскаровецот Ридли Скот.
По лошиот настап на Нигерија на Светското фудбалско првенство, нигерискиот претседател Гудлак Џонатан им стави 2 години забрана на националниот тим да настапува на официјалните натпреварувања.
Од Баз Олдрин, вториот човек кој одеше на Mесечината, до сегашни и идни, на Twitter ќе најдете голем број на интернационални астронаути кои информираат за случувањата oд таму горе.
Научниците од американскиот MIT развија апликација за мобилен телефон кој заедно со тенки леќи може да ви даде ефтина дијагноза за очите. Научниците велат дека целта им е апликацијата NETRA ќе им помогне на милиони луѓе кои не можат да си дозволат лекарски преглед.
Претседателот на FIFA, Сеп Блатер се предомисли и рече дека повторно ќе ја отвори дебатата за воведување на видео технологијата во фудбалот, при тоа извинувајќи се на англиската FA заради грешката на судијата кој не го призна гол за Англија во натпреварот против Германија. Англија загуби 4:1, но доколку се признаеше голот на Лампард ќе […]
Не стигнувате до 500 милиони пријатели без да направите неколку непријатели! Oва го пораката на The Social Network филмот за Facebook, чиј трејлер можете да го погледнете подолу.
Минатата недела во текстот "Анти-вувузела мерки" објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да "уживате" во звукот на вувузелите.
Еуфоријата околу светското првенство во Јужна Африка многу јасно се одсликува преку разните маркетинг кампањи. Нема продукт чија реклама, банер или оглас во весник не инволвираат споменување на фудбалот или првенството во некаква мера. Бев пријатно изненаден од банерот на американскиот мобилен провајдер AT&T кој беше објавен на ESPN.com и кој на доста лесен и иновативен начин ги инволвира посетителите, благодарение на проширената реалност.