0 коментари 1 мин. читање 21 јули, 2010

Аpple со рекорден профит, iPad за малку ќе го надминеше Mac-от

Во последниов, трет, квартал Apple забележал 15.7 милијарди долари приход и добивка 3.25 милијади долари.

Во тој период Аpple продал 3.47 милиони Mac компјутери што е раст од 33 отсто во споредба со истиот период ланската година. Ова е рекордна продажба на Mac компјутерите. Но, интересно, iPad-oт кој беше објавен само пред четири месеици за малку ќе го надминел Mac во продажбата. Во овој квартал Apple продал 3.27 милиони iPаd-и.

Што се однесува до другите уреди, во трите месеци, продадени се 8.4 милиони iPhone, раст од 61 отсто споредено со истиот период лани, и се продадени 9.41 милиони iPod-ови што е осум отсто пораст од ланскиот период.

Извештајот на Apple ќе го најдете тука.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top