4 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2010

FIFA повторно ќе размислува за видео технологија во фудбалот

Претседателот на FIFA, Сеп Блатер се предомисли и рече дека повторно ќе ја отвори дебатата за воведување на видео технологијата во фудбалот, при тоа извинувајќи се на англиската FA заради грешката на судијата кој не го призна гол за Англија во натпреварот против Германија. Англија загуби 4:1, но доколку се признаеше голот на Лампард ќе беше 2:2 и можеби натпреварот ќе се одвиваше поинаку.

Но судиските грешки не застанаа тука. Само неколку часа подоцна судиите признаа гол од офсајд. Тоа беше првиот гол на натпреварот во кој Аргентина го победи Мексико со 3:1.

Овие два натпревари и секако притисокот од јавноста и голем број фудбалски професионалци ја натераа FIFA повторно да размисли за воведување видео технологија на натпреварите иако претходно официјалниот став на организацијата беше дека технологијата не припаѓа во фудбалот.

„Според досегашново искуство на оваа Светско првенство очигледно е дека ќе биде бесмислено да не го отвориме повторно фајлот за видео технологијата на бизнис состанокот на интернационалниот FA одбор во јули.“ рече г-дин. Блатер.

Според можностите на технологијата на гол линија постојат два система кои се предложени на FIFA. Едниот е Hаwk-Eye, визуелно пратење на топката, систем кој се користи во тенисот, и Cairos Chip-Ball со вметнување на чип во топката.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Shadow
Shadow
16 years ago

ova nova tehnologija e samo za gol linijata no ne i za ofsajd i drugi pravila, taka da sudijata ne kje moze da sedi na tribinite

@goxymaxy
16 years ago

Со воведување на оваа технологија, секој ќе може да биде судија. Ќе си седни на трибини и ќе му бипка ово во уше ако е гол.

НЕ за новата технологија во фудбалот!

Viktr Ars
16 years ago
Reply to  @goxymaxy

Сакаш да кажеш дека ќе има робот судија? :)

Coolzrock
Coolzrock
16 years ago

Тоа со Англија-Германија навистина не беше фер, но ете… Сепак Германија супер играше, но што има врска видео технологијата со судиите? Тоа се прашувам.

Мени
Заедница
Изглед
To top