Сите Apple App Store правила
Apple објави правила во кои ги објаснува сите детали и критериумите зошто одбива апликации.
Софтвер вести, анализи, алатки, апликации и практични водичи за продуктивност, развој и дигитална работа. IT.mk ги следи најважните софтвер трендови за корисници и професионалци.
Apple објави правила во кои ги објаснува сите детали и критериумите зошто одбива апликации.
Apple објави соопштение во кое рече дека ги трга рестрикциите околу прифаќање на апликации за iPhone, iPad и iPod. Компанијата е позната по своите стриктни правила кои ги наметнува на програмерите, како забрана за користење на не-Apple алатки за развивање aпликации. Но сега тоа се менува.
Петата бета верзија на Mozilla Firefox 4 го претстави аудио API-то, има промена на менијата за Windows верзијата и сега хардверска акцелерација е вклучена по зададено (default), што ќе го направи прелистувачот побрз, ќе има побрза графика и побезбеден HSTS протокол кој инсистира Firefox секогаш да користи безбедна конекција.
Нa Reddit се појави листава со скоро 20 Android таблет компјутери, од кои некои ќе се појават при крај на годинава, а за други нема датум. За некои модели има и цена, која варира од 99 долари до 500 долари, зависно од спецификациите.
Новиот Skype 5.0 има интересната новина за видео разговори меѓу 10 луѓе. За овие разговори потребно е сите десетина корисници да ја симнат најновата бета верзија на популарниот VoIP клиент која е достапна за симнување тука.
ZDNet објави слика и пост од новиот интерфејс на Internet Explorer 9 превземени од рускиот сајт на Microsoft пред истите да бидат одстранети. Од сликата се гледа дека IE 9, како и сите модерни прелистувачи, има интересен и едноставен дизајн со кој се остава повеќе простор за веб страната, прелистувачот има само навигациски бар и помалку копчиња.
Со четвртата бета на Mozilla Firefox 4 се претставија две интересни опции. Првата е Panorama опцијата, претходно позната како Tab Candy, со која се групирараат табовите. Пример, ако имате отворено десетина табови (јазичиња) ќе можете да ги организирате само со повлечи-и-спушти.
Првата верзија на Internet Explorer дебитираше на 16 август, далечната 1995 и по кратко време го грабна поголемиот дел од пазарот на прелистувачи кој го има и ден денес. Internet Explorer е најкористениот прелистувач во светот со над 56 отсто. Но, како што може да се види од табелата на StatCounter, во последниве две години IE добива се поголема конкуренција во Firefox, Chrome, Opera и Safari.
Покрај надоградбите за Safar 5, Apple ја стартуваше и екстензиите како и галеријата за екстензиите.
Менаџирањето табови во Firefox ќе стани многу поедноставно, вели Аза Раскин, креативниот директор на Mozilla кој на својот блог објави видео од нов интерфејс - Tab Candy - за организирање и пребарување на табовите.
Се објави бета верзијата на Firefox 4 која носи промени во функционалноста како и комплетно различен изглед. Прелистувачот е достапен за симнување заедно со опција да испратите фидбек до Mozilla со цел да се добие конкретен и финален производ.
Корисниците на Мicrosoft клиентот за имејл - Outlook сега можат да гледаат Facebook постови и слики од своите контакти. Покрај Facebook, додадени се и MySpace и Windows Live месинџерот, а од претходно беше достапен и LinkedIn со што се добива добра листа на друштвени мрежи преку кои можете да ги следите најновите информации од вашите контакти.
Започна како идеја за едноставна игра, а во моментот е убава 3Д мапа со дожд и дрвја, мапа по која треба да се движи мало топчесто човече. Барем тоа е идејата на Nikihack, mendi19 и останатите членови на форумот кои последнава недела дена планираат нешто интересно.
Mozilla ја објави бета 1 на новиот Firefox 4 кој носи доста новитети и промени во изгледот. Пример, Firefox 4 ќе има табови над УРЛ барот, налик на Google Chrome, копчињата „stop“ и „reload" 'e станат едно копче, ќе има заштита од срушување, односно ако има проблем ќе се гаси само еден таб не целиот прелистувач и друг куп детали како HTML5... кои сега и не се толку битни, сега за сега, бидејќи тоа што е важно е - колку е стабилна првата бета на Firefox 4 и како им се допаѓа на корисниците?
Финска стана првата земја која законски им гарантира пристап до интернет со брзина од 1Мbps (мегабит во секунда) на своите граѓани без врска дали се наоѓаат во град или во некое забутано селце. Секој мора да има пристап до „автопатот на информации“.
На италијанскиот Windowsette блог се појави наводно внатрешна доверлива презентација за Windows 8 каде се дискутираат идеи за идната верзија на оперативниот систем.
Microsoft Македонија го претстави Office 2010, последната верзија на популарниот софтвер користен за канцелариско работење. Од воведување на нови пакети за продажба до подобрување на функционалностите и перформансите, новата верзија на Office делува доста интересно и пред сé продуктивно.
По безбедносните проблеми со Flash, Adobe ја објави 10.1 верзијата како и AIR 2 достапни за Windows, Mac и Linux.
Microsoft ги објави веб базираните верзии на Word, Excel, PowerPoint и OneNote, алатките од Office пакетот. Со овие поедноставени бесплатни алатки - Office Web Apps - секој корисник со live.com профил ќе може да разменува, прегледува и уредува документи онлајн.
На WWDC Аpple покрај iPhone 4 го претстави и новиот Safari 5 прелистувач за Windows и Mac. Новините во новиот Safari се брзината и подобра компатибилност, а корисникот ќе може да одбере дали ќе пребарува со Google, Yahoo или Bing. Според Apple со Nitro JavaScript енџинот Safari 5 na Маc работи 30% побрзо од Safari 4.