DevZor.project – HTML5 апликација made во Македонија

во ИТ.МК, Софтвер

Направимe кратко интервју со Ѓоре, кој ни ја објасни апликацијата и зошто таа се разликува од другите слични на неа. Повеќе за што освоил ќе најдете на форум. Повеќе технички детали за апликацијата ќе најдете и на нејзиниот блог.

Кажи ни што е devZor.project?

devZor.project е HTML5 offline апликација наменета за сите професионалци од ИТ индустријата, со мала наклонетост кон програмерите, која работи во вашиот веб-прелистувач. Aпликацијаta помага во секојдневните задачи кога работите на некој проект за себе или за некој клиент, таа е мал приватен проект организер.

Во devZor.project ги внесувате сите ваши задачи и идеи, заедно со нивниот краток или детален опис, па и по некој видео или аудио клип. Исто така можете да ги внесете сите линкови и статии поврзани со вашите задачи/проекти, за следниот пат кога ќе погледнете во вашиот “bookmarks bar” да не биде пренатрупан со 50-60 измешани линкови поврзани со неколку различни проекти. Во devZor.project има вградено и мал RSS читач, за сите новости кои се однесуваат на некој од вашите проекти да ги добивате дирекно во апликацијата.

Она што ја прави оваа апликација малку наклонета кон програмерите е можноста за додавање/архивирање на код. Сите кратки кодови можете да ги додадете и организирате во devZor.project, кој патем има вграден “обојувач на синтакса” (SyntaxHighlighter). Код можете да додавате и во склоп на содржината на задачите, идеите, и статиите.

Сите овие податоци се зачувани во базата на податоци на вашиот веб-прелистувач. За сигурен back-up, на блогот на апликацијата можете да најдете Plugin кој ги експортира вашите податоци во devZor.project-компатибилен формат.

Зошто е оваа апликација поразлична од другите to-do апликации?

Никогаш не наидов на апликација која се фокусира на секојдневните задачи, и секојдневните навики на еден слободен програмер. Сите апликации се или пре-едноставни листи и се фокусираат на тоа како по-алармантно да ве известат дека не сте завршиле навреме, или пре-комплицирани контролни табли со многу тајмери и многу графикони насекаде. Секако дека постојат доста квалитетни апликации од овој тип, но ниедна досега од нив не ја нуди слободата што ја нуди devZor.project.

Во devZor.project се што внесувате не мине низ никаков филтер затоа што апликацијата ги зачувува податоците на вашиот приватен компјутер, нема потреба од сигурносни мерки. Можете да внесувате задачи со должина по ваш избор, со боја и големина на буквите по ваш избор, секаков HTML и CSS код се прифаќа и извршува. Од тука доаѓа и самото мото на оваа апликација “Организирајте ги вашите задачи на ВАШ начин” :).

Најинтересното доаѓа кога ќе помислите дека можете да внесете JavaScript код, кој devZor.project нема да го филтрира и ке го изврши! На онлајн апликација ова би било сериозна XSS сигурносна ранливост, а овде е дозволено се. Со оваа можност се отвараат вратите кон креирањето на plugin-и, па вашата листа со задачи можеби и ке ви заврши некоја задача ако сте доволно креативни На блогот на апликацијата можете да погледнете видео клип за тоа како имплементирав Twitter новости во devZor.project користејќи еден jQuery plugin, со само неколку copy/paste команди.

Кога некој сака да ја користи апликацијата, од каде да ја симне, купи, како да ја инсталира?

Апликацијата можете да ја купите на CodeCanyon по цена од 14 долари преку следниов линк:
http://codecanyon.net/item/devzorpro…agement/122368

CodeCanyon го прифаќа MoneyBookers како платежен сервис, така да не би требало да имате никаков проблем. Откако ќе ја купите апликацијата автоматски добивате линк за спуштање.

Кога ќе ја спуштите апликацијата, само го отворате index.html фајлот преку Google Chrome, или Apple Safari (Жалам.. FireFox и IE не поддржуваат локални бази на податоци). devZor.project само ќе ве праша колкава база на податоци ви е потребна (до 500мб), кликнете го “Install” копчето и готово. Вашиот приватен проект организатор е спремен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
10 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
devzor
devzor
15 years ago

За сите заинтересирани, можете да го следите прогресот на големиот devZor на http://www.devzor.net/

xXxNobeliouSxXx
xXxNobeliouSxXx
15 years ago

Многу добра апликација, само продолзи со добрата работа ;)

Petar Papalevski
15 years ago

јас не реков дека ке ја купам и ке ја препродавам :) само си прашав за тоа како функционира програмата и дали има некоја заштита од копирање. иначе цената е прифатлива, а проектот е супер. во секој случај честитки.

@fteem
15 years ago

Свака ти секунда,keep up the good work!

Ванчо Орданоски

Програмерот на devZor.project, во мојата книга, веќе освои злато на „Информатичката олимпијада“.

Изненадувачки зрело и заокружено направен проект, особено ако се земе предвид дека Ѓоре (како што е познат на форумот на it.com.mk) има само 18 години (ако е точно, а и да не е…).
Се надув од гордост што имаме за сограѓанин ваков способен информатичар, и денес цел ден им „баам“ на моине колеги кој треба да нѝ биде вистинскиот однос кон она што го работиме.

Веќе му предвидов милионерска иднина :)

EDIT: Морон сум, видов дека се вика Ѓоре Саздовски и дека има 18 години.

@dr_virus
15 years ago

култура и морал цената е 14 долари не е 140 долари + купопродажен договор
Честитки Ѓоре за наградата и нека сега ти се множат продажбите

Petar Papalevski
15 years ago

апликацијата е супер. само имам едно прашање. ако ја купам апликацијата што ме спречува да му ја дадам на некој другар да си ја инсталира ?

Ванчо Орданоски

Па, ти го дознавме името … пробај.

:) :)

devzor
devzor
15 years ago

па како и кај секој друг јаваскрипт и хтмл код објавен на CodeCanyon, речиси ништо. Но, објавувањето на скриптата онлајн без лиценца би повлекло сериозни правни проблеми со Envato :)

Darko Buldioski
15 years ago

Секоја чест…. баш ме радуваат вакви работи….