1
DevZor.project – HTML5 апликација made во Македонија
devZor.project апликација на 18 годишниoт Ѓоре Саздовски, тазе студент на Техничкиот факултет во Битола - ИТ отсек, го освои третото место на натпреварот на Nettuts+ блогот за веб-програмери зад кого стои Envato, компанијата која ги поседува најдобрите и најпопуларните онлајн-маркети за дигитални ресурси (дизајн, аудио, видео, веб-скрипти итн). Натпреварот е со цел да се промовира HTML5 апликациите на пазарот и наградниот фонд од 7.000 долари. Првото и второто место на натпреварот ги освоија Dweamer, oдносно JCanvasMap.