Skype 5.0 бета верзијата е лимитирана за Windows корисниците и според Skype нуди „бесплатно тестирање на групното видео“ што значи опцијата ќе се наплаќа. Бидејќи моментално е достапна бета, тест фазата може да има проблем со видео повиците и да се рестартира Skype. Исто како што покажува oва видео на LifeHacker кога ќе се вклучат повеќе од 5 луѓе видето се замрзнува и аудиото се губи, дел поради конекцијата и дел поради самиот Skype.
Од другите новини Skype 5.0 има покрај нов изглед на интерфејсот и Skype Home мени за преглед на контактите, нивните пораки, слики, како и нотификации. Исто така подобрени се квалитетот на видео повиците, а има и „автоматско враќање на повиците“ доколку се појави проблем со мрежата.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.