Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

ЕУ сака „нова ренесанса“ со закачување на културното богатство онлајн

Comité des Sages, група која ги разгледуваше можностите за дигитализација на европското културно богатство, донесе извештај во кој се бара да се закачи културното богатство онлајн за да се овозможи полесен пристап, зголемување на туризам, истражување и едукација.

0 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Mac App Store му донесе 40.000 нови корисници на Evernote

Се чини дека ефектот на веб продавници да популaризираат апликации и софтвер продолжува и со Mac App Store, само неколку дена по објавувањето.

0 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Растот на мобилните апликации во 2010-та, анализа на Distimo

Apple остана на врвот со најголемиот број, над 300.000 мобилни апликации во 2010-та година, кои се дуплираа споредено со минатата година. Но, Google Android пазарот забележува неверојатен расто. Бројот на Android апликации достигна 130.000, што е за 6-пати повеќе од пред една година, вели агенцијата за анализа на мобилниот пазар, Distimo во својот извештај. Далеку зад Apple и Android се 18-те илјади Blackberry апликации, односно 25.000 апликации во Nokia Ovi продавницата.

0 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Среќен 10-ти роденден iTunes!

Кога во 2001 год. на денешен ден, Стив Џобс го најави iTunes не секој претпоставуваше дека оваа апликација ќе биде една од основните алатки со кои Apple, користејќи го .mp3 форматот, ќе ја промени музичката индустрија, и ќе биде основната алатка со која Apple ќе ги поврзе сите свои сега-револуционерни уреди и ќе овозможи купување музика и апликации преку интернет.

0 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

OMG! Facebook ќе се затвара, велат лажните вести

Откако Weekly World News објави дека основачот на Facebook, Марк Закерберг се изморил и сака да го изгаси Facebook во март, лажната вест се појави на еден куп медиуми правејќи го сето тоа толку спектакуларно да самиот Facebook мораше да коментира на лажната вест и да даде изјава дека „не, нема да се гасиме“.

2 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Стартува продавницата за Apple Mac апликации

Аpple го стартуваше Mac App Store со над 1.000 бесплатни и платени апликации наменети за Mac десктоп компјутеритите. Налик на продавницата со мобилни апликации за iPhone/iPad, Mac корисниците го користат iTunes за разгледување, симнување, апдејтирање и купување разновиден десктоп софтвер.

1 коментар Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

CES 2011: Panasonic го претстави Viera, 4, 7 и 10-инчен Android таблет

И Panasonic претстави свој таблет компјутер на на овгодинешниов Consumer Electronic Show. Viera таблетот, како и многу други, работи на Android оперативниот систем, ќе биде достапен во 4, 7 и 10-инчна (25cm) големина и ќе има LCD дисплеј.

0 коментари Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

CES 2011: Претставени Acer Iconia таблет и лаптоп со двоен екран на допир

Тајванската Acer го претстави 10-инчниот (25cm) Iconia Tab A500 кој ќе работи на Android оперативен систем и има Nvidia Tegra-2 dual-core 1Ghz процесор. Таблетот ќе има HDMI порт, ZTE LTE безжичен модул, ќе поддржува Flash 10.1 и ќе има вграден Clear.fi систем за лесен пристап до мултимедија и нејзино споделување меѓу домашниот и мобилниот уред. Нема детали за резолуција на екранот, само е најавено дека Iconia Tab A500 e дизајниран за „HD забава“. Претпоставка е дека таблетот ќе чини меѓу 600 и 800 долари.

0 коментари Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

CES 2011: Motorola го претстави својот таблет Xoom

Мotorola го претстави Xoom, 10-инчен (25.4 cm) таблет компјутер кој ќе работи на Android 3.0 Honeycomb, оперативен систем наменет за таблет компјутерите, ќе има 3G мрежа која може да се надгради во 4G при крај на годината, има 2Ghz dual-core процесор и 3Д Google мапи.

0 коментари Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Прв поглед на Android 3.0 Honeycomb

Откако неодамна го објавија Gingerbread за паметните телефони, Google го претстави и Honeycomb кој е следната генерација на мобилната Android платформа, дизајниран од почеток, за уреди со голем екран, посебно таблет компјутерите. Веќе неколку производители го најавија Honeycomb како оперативен систем за нивните таблет PC-ја.

7 коментари Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Совети

Сакате кул хакнат Facebook профил? Има апликации за тоа

Претходно се бараше прецизно уредување на сликите за да се хакнат петте фотографии со цел да се добие интересен и креативен Facebook профил, сега тоа може да го направите на поедноставен начин со апликацијата на Schweppes или Profile-Maker.

2 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Пристигна Drupal 7

Drupal ја објави верзија 7 на својот бесплатен и слободен софтвер за менаџирање на содржина на веб сајтови (CMS). Изработен во PHP и дистрибуиран преку GNU GPL лиценцата sофтверот зсе користи од 1% од сите сајтови на Вебот, од лични блогови до Белата куќа, data.gov.uk и други релевантни организации.

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

BitTorrent има 100 милиони активни корисници

Компанијата BitTorrent објави интересна статистика дека 100 милиони корисници активно го користат нивниот софтвер, како BitTorrent Mainline и µTorrent. Овие програми го користат BitTorrent протоколот за брзо пренесување на големи количества податоци преку децентрализираната peer-to-peer мрежа, каде податоците се одделени на мали делчиња и секое се пренесува преку различни „peers“, наместо симнување од еден извор/сервер што може да биде поспоро поради преоптоварување на тој сервер во смисла на интернет сообраќај или физички капацитет.

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

CES 2011: Lenovo LePad, таблет кој се претвара во лаптоп и обратно

Lenovo го претстави LePad, хибриден компјутер кој функционира како таблет на допир работејќи на Android, но може да прикачи на лаптоп и да функционира како класичен екран додека лаптопот работи на Windows.

1 коментар Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

CES 2011: Toshiba претстави Android таблет компјутер

Таблет компјутерот на Toshiba се уште нема име, тоа што се знае за него е што ќе користи Nvidia Tegra 2 процесори, се уште не се знае количината на меморијата, и, како и многу други, ќе работи на Android Honeycomb оперативниот систем, кој има поголема поддршка за таблет уредите, и има 10.1 инчен екран со 1280x800 резолуција со 720p висока-дефиниција, и порт за HDMI.

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

CES 2011: АSUS претстави таблет компјутери со одвоена тастатура

Таблет компјутерите се овогодишните ѕвезди на CES 2011 конференција, а ASUS ги претстави првите, односно претставија 4 нови таблети со различна големина од кои два имаат одвоена не-на-допир физичка тастатура.

13 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Нa Facebook за Нова година се закачени рекордни 750 милиони фотографии

Преку новогодишниот викенд на друштвената мрежа се закачени рекордни 750 милиони фотографии, вели Facebook во својот твит со линк до вашите фотографии. Овие рекордно закачени фотографии сигурно ќе придонесат да се зголеми статистиката од над 30 милијарди парчиња содржина, како постови, линкови, фотографии, кои се закачени и споделени секој месец на мрежата.

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Оpera за таблет компјутери

Opera можеби е еден од поретко користените десктоп прелистувачи, но затоа Opera Mini и Opera Mobile се доста користени на мобилните уреди пред се поради брзината наспроти вградените мобилни прелистувачи.

0 коментари Прочитај 4 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google планира дигитален Android киоск со магазини

Google планира дигитален киоск за Android корисниците, пред се тие со таблет компјутери, да можат да си купуваат и читаат дигитални верзии од големите и популарни магазини и весници, конкурирајќи му на Apple кој го има iPad и Amazon со Кindle, пренесува Wall Street Journal.

1 коментар Прочитај 4 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

Онлајн потрага по нов автомобил

(ова е гостински текст на Oгнен Плавевски, кој веќе подолго време се занимава со дизајн. Повеќе за Огнен на неговиот LinkedIn профил)   Овие денови имав задоволство да пазарам за нов автомобил. Иако новиот автомобил кој го купив беше по моите стандари, онлајн потрагата по него дефинитивно не задоволи кај дел од дистрибутерите. Скоро сите брендови кои ги побарав беа до некој степен застапени со веб сајт, но имање веб сајт не значи и информирање на потрошувачите за понудата и цените на автомобилите. Веб сајтовите се разликуваа по технологии од обични HTML страни, до по џиџе флеш страните (и морам да признаам по нефункционални), од неажурирани, до редовно одржувани, и до оние кои ги имаа ради реда.

17 коментари Прочитај 4 јануари, 2011
Мени
Заедница
Изглед