0 коментари 1 мин. читање

Mac App Store му донесе 40.000 нови корисници на Evernote

Според популарната апликација за фаќање и организирање белешки, Evernote тие во 2011 година веќе забележаа 166.789 нови корисници. Од стартувањето на Mac App Store, Evernote забележал скоро 40.000 нови корисници кои се логирале од Mac компјутерите.

„Ова се само новите корисници! Не е исто како и вкупниот број на симнувања од Mac App Store (кои се 90.000 симнувања, од стартувања на продавницата до вчера на полноќ), бидејќи голем број на луѓе кои не симнале од Mac App Store веќе беа регистрирани Evernote корисници од други платформи.“, велат од Evernote во блог пост.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top