0 коментари 1 мин. читање

Оpera за таблет компјутери

Сега, Opera објави кратко видео-најава на верзија на прелистувачот прилагодена за таблет компјутерите. Сите детали ќе бидат претставени на претстојниот CES.

Најголемата новина на Оpera за таблет компјутери е интерфејсот на допир, зумот, прелистувачот ќе поддржува Flash и е заснован на новата Opera Mobile 10.5 верзија.

Во видеото прелистувачот работи на Android таблет, односно Samsung Galaxy Tab. Нема да има Opera за iPad поради Apple правилата кои не дозволуваат користење на код потребен за прелистувач.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top