Ovi Nokia ќе стане само Nokia
Финската Nokia го ребрендира Ovi брендот преку кој продаваше апликации, игри и музика, преименувајќи го само во Nokia.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Финската Nokia го ребрендира Ovi брендот преку кој продаваше апликации, игри и музика, преименувајќи го само во Nokia.
<Надополнето>Се чини дека со „наскоро“ Google мислеше на веднаш. Македонските Аndroid корисници веќе можат да се купуваат апликации од Android Market. Доколку ја стартувате продавницата од вашиот мобилен ќе добиете Top Paid, Top Free и Just In категорија за пребарување на апликации. (tnx до @Goth_fifty и @MarjanIvanovski за инфото)
Ice Cream Sandwich, најновата 2.4 верзија на мобилниот оперативен систем Android, ќе се обиде преку алатки за програмерите да го реши проблемот со фрагментацијата на платформата, кој е расфрлена на над 300 разни Android уреди кои користат разни верзии од оперативниот систем.
По 400.000 Android телефони се активираат секој ден, вели Android тимот на Google на I/O конференцијата која е во тек.
Позитивни импресии, срамежлива-за-дискусија публика, добри примери на успешни апликации и проблеми со микрофонот... сé на се, првиот македонски Mobile Monday беше интересен настан кој ги собра мобилните ентузијасти и програмери да дискутираат за како се развива .мк пазарот, да се чујат примери за успешни апликации и да се види како понатаму во развојот на истите.
Blackberry уредите на Research in Motion (RIM) ќе користат Bing како избран интернет пребарувач во прелистувачот и Bing ќе биде зададен (default) пребарувач и апликација за мапи за новите уреди. Bing ќе биде и избран пребарувач и апликација за мапи со нормалното место и промоција на BlackBerry App World.
Google ја објави Docs апликацијата за Android, со која може да се креираат, едитираат, споделат и закачат на веб документите од телефонот. Апликацијата дозволува и соработка на документите во реално време, т.е блиску до тоа.
Минатата недела беше откриено дека iPhone ја собира локацијата на корисникот. Подоцна ваква пракса на складирање на локацијата беше најдена и во Android, кој скоро на ист начин како и iPhone ги собира локациите, открива шведскиот програмер Магнус Ериксон. Android собира информации за локацијата од најблиските 200 Wi-Fi мрежи на кои што наидува и прави листа од 50 места. Кога таа листа ќе се исполни локацијите се бришат, првин најстарите, што е различно за iPhone кој чува локација од скоро година дена. Исто така поразлично од iPhone е што на Android е малку потешко да се дојде до фајлот со локациите, додека кај првиот тој фајл не е заштитен ниту енкриптиран.
Се чини дека Apple ја знае локацијата на сите iPhone корисници па дури и кога ќе сменат уред, синхронизирајќи таен фајл преку iTunes. Двајца истражувачи, Пит Варден и Алесдар Алан велат дека е можно да се собирани податоци за локацијата скоро година дена почнувајќи од iOS 4 надградбата на оперативниот систем која беше објавена во јуни 2010-та.
Денеска Nokia и Microsoft официјално го претставија партнерството што „ќе резултира во нов глобалем мобилен екосистем“. Најважен момент од соработката е што Nokia ќе го отфрли Symbian како оперативен систем за своите паметни телефони, а ќе го замени со Windows Phone.
Следната петта генерација iPhone паметни телефони ќе се појави во септември, според три извори од Азија поврзани со доставата на деловите. Производството на новиот iPhone, кои ќе имаат побрз процесор, започнува во јули и август, се вели во извештајот на Reuters.
Google откри дека се има вкупно инсталирани околу 3 милијарди Android апликации и дека има 50 отсто повеќе симнувања на апликации од последниот квартал на 2010-та.
Откако Apple поднесе тужба против јужно корејската фирма велејќи дека им го копира дизајнот и изгледот на паметните телефони и таблет компјутери, Samsung најави контра-тужба велејќи дека „ќе се обиди да си ја заштити својата интелектуална сопственост“.
Најголемата новина кај Layar 5.0, апликација за iPhone и Android, е e што содржината од проширената реалност ќе може да ја споделувате на Facebook и Twitter. Друга новина е целосно редизајнираниот интерфејс и поголема интеракција со слоевите заедно со подобри анимации, што значи Layar не е ограничена на статични слики.
Новиот паметен телефон на HTC има 4.3-инчен LCD екран на допир, 8 мегапиксели камера со 1080p HD видео, dual-corе 1.2GHz Snapdragon процесор. Новиот HTC Sensation 4G ќе се појави во Европа летово.
Google плати 25 милиони за Pushlife, компанија која развива софтвер за мобилно синхронизација на мултимедија, која може добро да се вклопи во плановите да објават музичка платформа.
Nokia претстави нова верзија на Symbian оперативниот систем - Anna, заедно со два нови модели на телефони X7 и E6. Новото е што новиот Anna ќе има побрз прелистувач, подобрено внесување на текст, нови икони и последна верзија на Ovi Store.
Во моментов Symbian е мртва платформа, не е интересна за програмерите бидејќи во 2012-та Nokia ќе престане да продава Symbian телефони и ќе ја замени до-сега-слободната платформа со Windows Phone оперативниот систем.
На YouTube се појави видео од Blackbarry Bold Touch 9930 Montana кој официјално се очекува да биде претставен во мај на BlackBerry World настанот на Research in Motion.
Photoshop Touch SDK ќе им овозможи на програмерите да креираат апликации за таблет компјутерите на разните платформи, Android, iOS, BlackBerry, а кој дизајнерите ќе можат да ги поврзат со десктоп компјутерот и да креираат дела користејќи го допирот.