Facebook стигна до 500 милиони корисници
Знаејќи ја популарноста на мрежата, оваа достигнување беше само прашање на време, нели?
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Друштвени мрежи. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Знаејќи ја популарноста на мрежата, оваа достигнување беше само прашање на време, нели?
Најновиот трејлер Social Network содржи неколку сцени од филмот и се гледа дека има доста интересен заплет. Знаете како оди со вакви филмови: љубов, измама, расправија, тужба од 600 милиони од најдобриот пријател, почеток на друштвена мрежа која потоа ќе го освои светот...
Можеби приметивте дека на профил страната од десна страна се појавува Friend Finder барче со кој ви се сугерира да импортирате имејл контакти и да ги најдете на Facebook. Можно е при самото логирање најгоре на профилот да ви се појави покана да ја пробате Friend Finder алатката. Опцијава постои веќе подолго време, но сега добива попроминентно место на страната.
Оpen Graph плагините на Facebook сега се достапни за мобилниот апликации, најавени Ерик Тсенг, главниот за мобилните продукти на Facebook на MobileBeat2010.
Се повеќе се закачуваме на друштвените мрежи додока сме на работа, вели истражувањето на Trend Micro. Според анализата, 1.600 интернет корисници, кои користат имејл и се по 5 часа дневно на компјутер, од 4 земји: САД, Британија, Германија и Јапонија во последните 2 години се почесто, поточно 5% повеќе се закачувале на друштвените мрежи додека се на работното место.
Корисниците на Мicrosoft клиентот за имејл - Outlook сега можат да гледаат Facebook постови и слики од своите контакти. Покрај Facebook, додадени се и MySpace и Windows Live месинџерот, а од претходно беше достапен и LinkedIn со што се добива добра листа на друштвени мрежи преку кои можете да ги следите најновите информации од вашите контакти.
Првин беа само гласини за Google Me друштвената мрежа, а сега се појави и пreзентација од 212 страни закачена од Пол Адамс, водечкиот истражувач за друштвеното во корисничкото искуство во Google кој работел на Buzz и YouTube.
Zynga, креаторот на FarmVille и MafiaWars, станува импресивен играч во онлајн светот. Со нивните едноставни и лоши на изглед, но сепак друштвени игри, Zynga e бизнис кој се проценува дека во 2011 година ќе има приходи од 1 милијарда долари.
Корисникот ако користи една апликација ќе користи и други, и затоа е потребна една виртуелна валута за да се користи со апликациите, вели Брет Тејлор, за развој на технологија (CTO) на Facebook и поранешен шеф на FrindFeed, во интервју за InsideFacebook .
<Надополнето 28.09.10>Тwitter го изгаси @earlybird профилот бидејќи треба да се разгледа и размисли поубаво. </Надополнување>
Facebook ќе го направи полесно тагирањето на вашите пријатели на фотографиите. Новата „препознавање на лица“ опција ги одбележува лицата на фотографиите со што вие само додавате име.
Од Баз Олдрин, вториот човек кој одеше на Mесечината, до сегашни и идни, на Twitter ќе најдете голем број на интернационални астронаути кои информираат за случувањата oд таму горе.
Microsoft го стартуваше Silverlight 4 бета десктоп клиентот за Facebook со кој имате комплетен пристап до вашиот Facebook профил и сите опции само што не го правите тоа преку прелистувачот, туку преку апликацијата која е доста интересна.
Не стигнувате до 500 милиони пријатели без да направите неколку непријатели! Oва го пораката на The Social Network филмот за Facebook, чиј трејлер можете да го погледнете подолу.
Минатата недела во текстот "Анти-вувузела мерки" објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да "уживате" во звукот на вувузелите.
Споделувањето на гео-локацијата станува вистински хит во виртуелниот свет, доказ за тоа е масовната употреба на сервисите како FourSquare и GoWalla, а трендот е присутен и кај нас - #mkstreetup + "Интересни FourSquare бизнис идеи од Македонија". Пред неколку месеци и Twitter се придружи во оваа "игра" и го објави својот гео-локациски сервис за сите корисници, а вчера се реши да го подобри со попрецизно тагирање и имплементација на FourSquare и Gowalla.
Интересно нешто од соработката меѓу Yahoo и Facebook е што корисниците на популарниот сајт за фотографии Flickr можат да го вклучат автоматското објавување на новите слики на друштвената мрежа.
Zynga ја објави својата нова Facebook игричка - FrontierVille - која е подобрена верзија на популарната FarmVille, но со тематика од Дивиот Запад. Покрај тематиката, во играта ново е можност за играње на повеќе аватари како и репутациски систем.
Се објавија неколку новитети поврзани со Twitter, но иако се доста значајни сепак се кратки, во духот на 140-карактери лимитот. Затоа ги спакував на едно место. Има две официјални вести од Twitter, за растот на сервисот како и за официјалниот сервис за кратење линкови, а подолу има и вест за нова опција да се тагираат лица на TwitPic сликите.
Подобрената Insight алатка на Facebook сега дава анализа на Like споделувањата, подобра анализа на Facebook страните и апликациите на кои сте администратор, анализа за друштвените плагини вметнати во веб сајтовите и анализа на содржината која се споделува на тие сајтови со подобри (анонимни) податоци за демографијата на корисниците.