Firefox додаток за Borg.mk
Новиот македонски пребарувач Borg.mk направи редизајн, и тоа го мотивираше Наум Спасески а.k.a Номче да направи Firefox додаток за полесно пребарување.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Совети. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Новиот македонски пребарувач Borg.mk направи редизајн, и тоа го мотивираше Наум Спасески а.k.a Номче да направи Firefox додаток за полесно пребарување.
Google ја стартуваше Google New страницата која ќе функционира како централно место за сите 100 блогови на компанијата каде се објавуваат сите нови сервиси и продукти, како Google Instant, Goggles, AdWords, Orkut, Docs, Search...
Сервисот за брзо инсталирање на пакет софтвер Ninite објави и Linux верзија. Ninite работи така што наместо да инсталирате поединечни програми, ги селектирате тие што ви се потребни од листата и Ninete ви праќа .deb фајл кој го симнува сиот означен софтвер и го инсталира истовремено.
Ова е еден краток текст во кој ќе се обидам да што е можно по сликовито да објаснам што е RAID технологијата и се што треба да се знае околу неа. Пред се наменето за оние помалку информираните.
AlternativeTo е интересен сајт на кој ќе најдете најразновиден софтвер за неколку десктоп и мобилни оперативни системи. Но, за разлика од слични такви сајтови, AlternativeTo освен листи на софтвер нуди и алтернативи на истиот софтвер.
„Дискотеки“ е нова Facebook aпликација со која ги наоѓате местата за вашите вечерни излегувања. Со одбирање на град добивате листа на локали во соодетниот град. За секое прикажан локал можете да ги видете деталите, што ќе се случува на ова место, кој ќе присуствува настанот и ќе ја видите галеријата на локалот.
Надополнето: Страната е тргната и линкот не работи. Ова може да значи дека или има грешка со веб апликацијата или Facebook само ја тестира оваа опција.
Сигурно понекогаш сте се покајале за грешно пратен имејл. Доколку користите Gmail тогаш има место за поправка. Во опциите на Gmail е и Labs менито, лабораторијата каде се тестираат нови опции за сервисот. Меѓу тие опции се наоѓа и Undo Send опцијата со која му давате 5 од 30 секунди време за предомислување пред да биде пратен мејлот.
Новата 2 верзија на десктоп клиентот Seesmic покрај пристапот до и апдејтирање на статусот на популарните друштвени мрежи, сега доаѓа со 40 апликации и сервиси.
Користејќи скрипта за Greasemonkey додатокот за Firefox за персонализирање сајтови, можете да си направите минималистички Facebook, односно Facebook страна која го нема десното мени, има пошироко место за постовите, тргнато е чат инфото од левата колона и четот е малку транспарентен.
Gmail пред некое време доби Priority Inbox опција која помага за полесно прегледување на пораките. Мејловите можат да се категоризираат на важни, непрочитани, омилени итн... сервисот е супер бидејќи „учи“ за важноста на пораките според вашето читање.
Веб базираниoт сервис за документи, Docs.com на Microsoft сега имаат опција за брзо креаирање резиме со податоци од вашиот Facebook профили, и креаирање на графикони со Facebook пријателите.
FilerFrog е апликација за Windows со која само со десен клик ќе можете да менаџирате фајлови, пример, да го менувате името, да го енкриптирате, да екстрактирате фајлови, да се промени големината на слика, правање .pdf албуми ... и број други мали и корисни функции.
Dirpy Studio e веб алатка со која можете да извлечете и симнете mp3 фајл од некое YouTube видео или пак да го симнете тоа видео. Пример, ви се допаѓа некоја песна, или пак некој семпл од видеото, или целото видео... го внесувате линкот до видеото и потоа можете да си одберете од кое до кое време да го извади аудио фајлот и можете да си го одберете квалитетот на истиот.
Летно време, жештина! Ако имате постар компјутер со постаро напојување и ладење, а при тоа немате додатни вентилатори, клими и слични разладни средства, тогаш сигурно и на вашиот PC му е жешко и подигнува температури над оптималното, како што му се случува на aldo.
XIHA life е друштвен сервис кој нуди инстант превод на статуси, постови и твитови од Facebook и Тwitter. Сервисот воведе новина - инстант превод на постови - со што стана доста корисен за комуникација со луѓе кои зборуваат јазик кој не го познавате, а кои се ви пријатели.
Facebook корисничките имиња не се нешто ново, напротив, беа објавени пред една година, но на мрежата постојат многу страни кои не го имаат подесено корисничкото име на фан страната или профилот за да наместо facebook.com/profile.php?id=123456789 имаат препознатливо URL како facebook.com/it.com.mk. Можеби игнорирањето на оваа опција се должи на процедурата која бара телефонски број, можеби од незнаење за опцијава. Во секој случај, подолу е краток водич за како да си одберете корисничко име.
Awesome Screenshot е екстензија за Chrome прелистувачот која ви овозможува брзо и лесно да си направите скриншот (слика) од сајт. Со додатокот ќе можете да ја скратите (crop) делот, да додадете текст, геометриски форми на сликата, и да замаглите приватни делови.
Многу бргу откако Google го претстави од Chrome на Phone, се објави и од Fox на Phone додатокот. Двата додатока за двата прелистувачи функционира исто, значи имате едно копче и со него префрлувате линковите од прелистувачот до Android телефонот. Со FoxToPhone ќе можете да префрлувате линкови на телефонот само со еден клик и ќе можете да префрлувате делови од текст на телефонот.
Често компјутерите се мерат според перформансите внатре во кутијата, но пробајте да сработите нешто без тастатурата и глувчето. Посебно без глувчето, кое е за многумина најважниот уред. Па зошто да не си одберете добро и квалитетно глувче кое ќе ви одговара.