1 коментар 1 мин. читање

Преведувајте Facebook и Twitter постови со XIHA

Впрочем, XIHA може да послужи и комплетно за следење на информациите од друштвените мрежи. Пример, не знаете англиски или германски, а сте заинтересирани за информација од некоја фан страна на германска компанија. Со XIHA ќе можете да ги преведете постовите со еден клик а при тоа ќе останете на Facebook следејќи ги новите статуси.

Во XIHA можете да се логирате со вашиот Twitter и Facebook профил при што ќе биде вметнат и стримот со вести и статуси од двете друштвени мрежи. Само со кликање на Translate копчето за неколку секунди добивате превод. Сервисот само го препознава напишаниот јазик, а на вас ви дава превод според јазикот кој го наведувате кога ќе се логирате прв пат на сервисот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top