2 коментари 2 мин. читање 21 септември, 2010

RAID технологија и се за неa

Што е RAID?

RAID е Redundant Array Of Inexpensive Disks што во превод би му било Резервна низа од ефтини дискови. RAID беше поевтин во однос на DASD (Direct Access Storage Devices) дисковите, основен стандард за хард-дискови со голем капацитет на почетокот на 90-те години. Во меѓувреме DASD престана да се произведува, па кратенката RAID е променета во Redundant Array of Independent Disks. Од самото име на оваа технологија јасно е дека треба повеќе од еден хард-диск. Тие се поврзуваат на соодветен RAID контролер кој може да биде во вид на додатна картица или интегриран на самата матична. Предноста е што тие дискови се стандардни IDE, а од неодамна и SATA, а недостаток е што сите хард-дискови треба да бидат иста големина (во капацитет), а пожелно е да бидат и потполно исти модели. Целата понатамошна работа контролерот ја превзема на себе, така да останатиот дел од хардверот не гледа одвоени дискови туку само како една целина. Каква е таа целина зависи од тоа кое ниво (тип) на RAID е избран на контролерот. Од нив постојат многу, али во пракса се користат само неколку. Постојат повеќе начини на поврзување во RAID, како хардверски така и софтверски.

Постојат три концепти на RAID технологијата:

  • Таканаречен „Mirror” или дуплирање,пишување на еден ист податок на пивеќе дискови.
  • Таканаречен „Striping” или делење,делење на податок на повеќе хард-дискови.
  • Таканаречен „Error correcting” или исправувач на грешки,функција каде што вишокот на податоци се чуваат за да се препознае проблем, и ако е тоа возможно да се поправи,познато како (Толеранција на грешки).

Секој RAID концепт влијае на забрзување и перформанси на различни начини…. целиот туторијал сосе слики, и додатни објаснувања, продолжува на форум.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Рајовски

Јас сум програмер и администратор на форум. Кога не сум зафатен со решавање кодови или смирување форумски драми, обожавам да играм пинг-понг (барем мислам дека знам). Голем фан сум на тетоважи и опседнат со руската култура. Технолошки фанатик по ден, фотографски ентузијаст по ноќ – со други зборови, секогаш на лов по нова генијална идеја или совршена фотка!

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
kalco
kalco
15 years ago

fala za objavata ;_))

Kire Bo Gashteovski
15 years ago

Awesome!

Мени
Заедница
Изглед
To top