Беше само прашање на време кога дигиталната валута биткоини ќе го пронајдат патот до порнографијата. Porn.com забележа пораст во бројот на посетители кои плаќаат со биткоини од, сега, 25 отсто, вели Reddit. Со слични податоци излезе и маркетинг директорот на страната во интервју за Guardian. Дејви Кеј од Sagan, компанија зад Porn.com, вели дека во декември дуро 10 отсто од уплатите на porn.com доаѓале преку крипто-монетата, а според Reddit во јануари очигледно овој број пораснал. Приватноста која ја нудат дигиталните пари секако е добре дојдена за корисниците, но сајтовите земаат прилично многу пари од претплатите кои автоматски се обновуваат што нема да биде можно со биткоин. Сепак за сите кои не се заинтересирани да ги оставаат своите податоци на сомнителни сајтови, новитетот ќе биде добредојден.
„Дефинитивно сум убеден дека биткоините ќе бидат „killer app“ за порнографија. Брзо, приватно и со безбедно плаќање“.
И покрај „killer app“ на раполагање сопственикот на porn.com го продава сајтот за 50 милиони долари, исплата која ќе биде прифатена единствено во биткоини, значи цената на porn.com e 55.370 Биткоин.








Bitcoin не е приватен или анонимен. Сите трансакции се видливи, така што ако некој ја знае твојата bitcoin сметка знае и се што имаш правено.
Повеќе информации: http://brokenlibrarian.org/bitcoin/