NSA секојдневно собира милиони SMS пораки од обичните граѓани

Агенцијата за национална безбедност (NSA) секојдневно собира милиони текстуални пораки од корисници кои не се цели на прислушување или следење, јавува Guardian, повикувајќи се на документи од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден. Овој пат документите покажуваат дека американската NSA и британската GCHQ ги споделувале овие податоци.

Собирањето на SMS пораки NSA го прави со Dishfire кој собира речиси се до што може да стигне, а не само податоците на корисниците од „интерес“. Од овие информации NSA ги вади податоците за планови за патувања, контакти, финсансиски трансакции и се што може да биде искористено. Програмот и од пораките како пропуштен повик или информативна порака за роаминг ги вади сите корисни податоци. Просечно се обработуваат дури 5 милиони пораки за пропуштен повик, 1.6 милиони роаминг пораки, 110.000 имиња и 800.000 финансиски трансакции. Покрај ова агенцијата доаѓа до 76.000 геолокациски податоци дел поради барањата за рута дел поради текстуални пораки до патничките агенции. За разлика од претходните случаи овој пат телефонските броеви од САД се минимизирани и не се надгледуваат, но остатокот на светот вклучувајќи ги и државите кои се сојузници на САД се обработувани.

Членови на агенцијата пак тврдат тека се следени единствено цели за кој е потврдено дека се цели на следење, а податоците кои ги добиваат се неточни. Можностите на агенцијата се насочени единствено против валидни разузнавачки цели и беа предмет на построга правна заштита, изјави портпаролот на NSA за Guardian.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk