Samsung ќе ја прошири Galaxy линијата на производи со нов 7-инчен таблет, чии главен квалитет без сомневање е цената. Новиот таблет е Samsung Galaxy Tab 3 Lite, се чини дека сите полуксузни делови се отсранети од таблетот за да може да биде што е можно поевтин. Таблетот доаѓа со двојадрен процесор на 1.2 GHz и екран со 1024х600 (170 ppi) кој е далеку од второта верзија на Nexus 7. Tab 3 Lite доаѓа со 8 GB слободен простор што повторно изгледа недоволно, но за проширување е достапен microSD слот. Уредот има 2 МР камера и две генерации стариот Android 4.2. За среќа 3600mAh батеријата трае 8 часа па уредот овозможува мобилност. Вообичаено покрај Google Play Samsung уредите доаѓаат и со поддршка за апликациите од Samsung Apps.
Засега нема најава за пазарите на кои ќе се појави, цената или датата на излегување на таблетот. Со оглед на тоа дека Galaxy Tab 3 верзијата се продава за 200 долари тешко е за верување дека цената ќе биде над 150 долари.