Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб

Bing ќе покажува Facebook линкови во пребарувањето

Bing е првиот пребарувач кој како резултат дава и Facebook постови и линкови, кои на друштвената мрежа се означени за споделување со „секого“ (everybody). Facebook линковите ќе се појават заедно со Twitter постовите на bing.com/social.

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Zynga ја стартуваше FrontierVille

Zynga ја објави својата нова Facebook игричка - FrontierVille - која е подобрена верзија на популарната FarmVille, но со тематика од Дивиот Запад. Покрај тематиката, во играта ново е можност за играње на повеќе аватари како и репутациски систем.

1 коментар Прочитај 10 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Општо

Телеком со понуда за следење Светско преку интернет и мобилен

Т-Home и T-Mobile објавиja 3 Screen понуда со која им нуди на корисниците избор да ги следат натпреварите во Светското првенство во фудбал преку MaxTV, но уште поинтересно преку интернет и мобилен телефон.

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети Хак-атак/Приватност

Која е најсигурна безжична заштита (eнкрипција)?

WEP, WPA или WPA2... кои од трите опции за енкриптирање на лозинката на везжичната мрежа е најсигурна, и споделете мислења?

4 коментари Прочитај 10 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Хак-атак/Приватност

Android 2.2 Froyo на хакнат iPhone

Не можев да одолеам да го видам Froyo на iPhone. И погодете што? Мојот iPhone 3G доби Froyo!, пишува хакерот _jiga на својот iFroyo блог. Со Andorid 2.2 на iPhone може да се вртат повици и да се праќаат СМС пораки, но не подржува Wi-Fi и се загрева многу за само неколку минути.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

65 мил. твита на ден, нов сервис за кратење линкови и тагирање на TwitPic

Се објавија неколку новитети поврзани со Twitter, но иако се доста значајни сепак се кратки, во духот на 140-карактери лимитот. Затоа ги спакував на едно место. Има две официјални вести од Twitter, за растот на сервисот како и за официјалниот сервис за кратење линкови, а подолу има и вест за нова опција да се тагираат лица на TwitPic сликите.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Caffeine, нов и посвеж систем за индексирање на Google

Caffeine нуди 50 отсто посвежи резултати од интернет пребарувањето од претходниот индекс, вели Google додавајќи дека „дали се работи за вести, блог или форум пост сега ќе најдете линкови до релевантна содржина многу побргу откако ќе е објавено.“

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Претставен Skoool.mk

Образовниот портал Skoool.mk нуди едукативен и интерактивен материјал за ученици од прво до деветто одделение, а има и содржина за средношколци.

26 коментари Прочитај 8 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Прошетајте се низ стадионите во Јужна Африка со Google

Дали го викате soccer, како нас, или фудбал, како останатиот свет, ние имаме виртуелен билет за Јужна Африка, вели Google објавувајќи Street View и 3D прошетка низ десетте стадиони на кои ќе се игра Светското фудбалско првенство.

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Како да го исчистите компјутерот од Conficker

Вируси и друг малициозен софтвер има насекаде на интернет, па големи се шансите да закачите нешто што може да ви го поремети компјутерот.

2 коментари Прочитај 8 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

еRoll е добра идеја за читање е-книги, вели 22-годишниот дизајнер

Драган Тренчевски е дизајнер на интересната е-ролна, или eRoll. Идејата е да се извлекува екранот на допир и со него да се читаат книги и списанија, во секој случај полесен уред за носење од таблет PC-jaта. Сега за сега е само идеја, но Драган се надева дека eRoll ќе може да се реализира. Еве што вели 22-годишниот студент по индустриски дизајн за својата идеја:

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Претставен iPhone 4

Стив Џобс го претстави најновиот iPhone 4 на WWDC конференцијата. Иако за телефонот се знае веќе некој месец, „кажете ми ако веќе сте го виделе“ г-дин. Џобс се пошегува на почетокот на презентацијата, сепак официјалното претставување значи дека ова е конечниот дизајн на најновиот Apple-ов уред. Покрај самиот уред најавени се нови апликации кои ќе ги има во телефонот, пример FaceTime апликацијата за видео чет во живо.

9 коментари Прочитај 8 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Пристигна Safari 5

На WWDC Аpple покрај iPhone 4 го претстави и новиот Safari 5 прелистувач за Windows и Mac. Новините во новиот Safari се брзината и подобра компатибилност, а корисникот ќе може да одбере дали ќе пребарува со Google, Yahoo или Bing. Според Apple со Nitro JavaScript енџинот Safari 5 na Маc работи 30% побрзо од Safari 4.

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Oткриени критични пропусти во Flash Player и Adobe Reader

Аdobe предупредува за критички грешки во Flash Player, Adobe Reader и Acrobat софтвер, грешки преку кои хакерите можат да превземат контрола врз таргетираниот систем. Тоа што е проблематично е што тoj софтвер го има на повеќето компјутери, или според Adobе на 95% од компјутерите ширум светот.

1 коментар Прочитај 7 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Yahoо и Facebook корисниците ќе можат да си ги поврзат профилите

Yahoo објави дека стартува партнерствотото со Facebook и дека корисниците на двата сервиса можат да си ги поврзат профилите, пример да гледаат Facebook постови преку Yahoo.com, Yahoo Mail... и обратно содржината од Yahoo сајтовитe, меѓу кои и Flickr и Delicious, ќе може да се сподели на Facebook.

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Time.mk ги уништи медиумите носејќи им 800.000 посети во мај

Time.mk сервисот од стартувањето во февруари 2009 година со 57.000 посети месечно во 1 јуни 2010 година забележува петнаесет пати поголем раст, станувајќи сервис со над 800.000 посети во мај. Или 27.000 посети на ден. Ова се официјалните бројки кои македонскиот агрегатор на вести ги објави по повод двегодишнината од сервисот.

31 коментари Прочитај 5 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Персонализирајте си го Google

Google овозможи да си ставите своја слика како позадина на почетната страна на Google.com. Персонализацијата е доста ефикасна. Ставете си слика од маче, женска, автомобил, Ѓоко Танески, вие во кафана... :) со своја лична позадина Google дефинитивно изгледа поинтересно.

5 коментари Прочитај 4 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

ИТ дискусија: Приватноста и законите околу неа

Пазете се ве прислушуваат! Или можеби не, како би знаеле дали ви ги некој следи вашите комуникации или дигатално собира информации за вас? Кого ќе прашате и кому ќе му се обратите? Ова е една од неколкуте интересни поенти искажани на дискусијата за „Приватност во Македонија“ организирана од фондацијата Метаморфозис пред се за отварање дебата за измените на Законот за електронски комуникации.

0 коментари Прочитај 4 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Статии

Македонија е ветената земја за идеите на Сталман

Седејќи во ходникот пред преполнетата сала, слушајќи го предавањето на Ричард Сталман во кое зборуваше за слободниот софтвер, рестриктивните лиценци, авторските права и како тие не функционираат во денешниот дигитален свет, си помислив „ова е ветената земја за идејата на Сталман.“ Во Македонија се е слободно, го споделуваме софтверот и со леснотија го игнорираме копирајтот. Во Македонија индустријата нема контрола врз корисникот, контрола која г-дин. Сталман се бори да ја тргне, туку македонскиот корисникот ја фрла индустријата на колена.

44 коментари Прочитај 3 јуни, 2010
Мени
Заедница
Изглед