Во дискусијата на форумот неколку членови се согласија дека WPA2 протоколот е најбезбедниот од сите три, но сепак постојат можности да се пробие со користење на одреден софтвер и други хак-атак трикови.
Но тоа што е нагласено од членовите е што за секој корисник тоа што е најважно е лозинката. Ако имате лозинка 123456 или истите бројки во обратен редослед, или ако лозинката е вашиот роденден, презиме, име на дете или куче, или други чести лозинки (ќе се изненадите колку луѓе ги користат овие лозинки) тогаш постои огромна шанса некој да ви краде мрежа без воопшто да користи софистициран софтвер.
… дискусијата за Wireless Заштита (Eнкрипција) продолжува на форумот каде може да прашате или да споделете мислења и знаeње.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.