И Bit.ly стана генератор на QR кодови
Скратувачот на линкови Bit.ly додаде опција да може скратен линк да се претвори во QR код само додавајќи .qr на крај на линкот. Пример, http://bit.ly/1ueAof.qr .
Скратувачот на линкови Bit.ly додаде опција да може скратен линк да се претвори во QR код само додавајќи .qr на крај на линкот. Пример, http://bit.ly/1ueAof.qr .
Skype конечно ја објави 5.0 верзијата за Windows за симнување. Големата новина е секако можноста за видео чет со 10 луѓе, што го прави Skype еден вид бизнис алатка за конференциски видео разговори. Видео повиците во моментот се бесплатни бидејќи „сакаме да се осигураме дека имаме заинтересирани корисници и дека квалитетот е доволно добра за да наплаќаме за услугата“ вели директорот за продукти на Skype, Мајк Бартлет.
Bing.com сега како резултати од пребарувања ќе покажува „Like" информации од Facebook Instant Personalization. Ова значи дека кога корисникот, кој е претходно логиран на Facebook, ќе пребарува на Bing покрај стандардните резултати ќе се појавуваат и лицата на неговите пријатели кои кликнале Like на тој линк. Најдобар пример е пребарување на филм, музика или слика. Кога ќе пребарувате некој филм интересен за вас ќе видите и на кој од вашите пријатели му се допаднал тој филм, како на сликата погоре.
Log.mk е нов .мк бета сервис кој ги одбележува хронолошки новостите на неколку забавни .мк портали. Сервисот работи така да прикажува слика од порталот со најновите вести и притоа ги одбележува со боја според времето кога се објавени, пример зелена ако текстот е објавен до 10 часот на пладне, со портокалово од 10 до 13 часот, со црвена ако е од 13 до 17 часот и виолетово за вестите објавени до 00:00.
Кога гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер слета во Москва веднаш твитна со слика дека пристигнал во Русија. На неговиот твит му беше одговорено со „Добродојде во Москва“ од @KremlinRussia_E, официјалниот профил на рускиот претседател Дмитри Медведев.
Oк, ве чувме гласно и јасно дека не ви се допаѓа новото лого, пишува производителот на облека Gap на својот Facebook профил велејќи дека ќе го вратат своето препознатливо сино и 20 години старо лого.
Microsoft официјално ја претстави својата нова мобилна платформа Windows Phone 7. Microsoft комплетно ја редизајнираше својата нова платформа со цел да конкурира на iPhone, BlackBerry и Android паметните телефони.
Целта ни е да креираме единствен дигитален пазар, поголема онлајн доверба и брз интернет за сите, вели еврокомесарката за информатичка технологија Нели Крус во интервју за Silicon Republic, коментирајќи ја европската Дигитална Агенда која доколку Македонија стане ЕУ кандидат (и член) ќе мора да ја следи. „Ние ги зацртавме процесите кои креираат единствен дигитален пазар, […]
Наводно фамозен вирус „три десетки“ ќе зарази милиони компјутери на 10.10.'10. Нумерологијата е клучот за предвидување на иднината, нели? Сигурно до сега се уплашивте! Не?... БУАА! Како и да е... седум македонски медиуми и портали ја објавија оваа „вест“. Седум!, барем до сега.
Не е доволно само да се стави компјутер пред ученикот, потребно е добар професор и соодветна настава и методика.
Facebook претстави нови групи, т.е. сега корисниците ќе можат да си креираат група со одредени пријатели во која ќе споделуваат одредени информации, слики и постови. Ова е еден вид организирање на стотината пријатели, пример, една група со колегите од работа, една со фамилијата... можете да се приклучите на вкупно 300 групи.
One ја објави листата на 279-те Android апликации кои се пријавија на предизвикот. Но, ова не значи дека имаме толку апликации, туку дека тој е бројот на пријавени идеи, предлози за апликации кои имаат време до 19 ноември да се реализираат со цел да преминат во вториот дел од натпреварувањето. Се сеќавате на Vip предизвикот се пријавија 212 апликации, на крај се реализираа „само“ 89.
Дарен Марфи, блогерот на Engadget, влезе во книгата на рекордер како „најпродуктивен професионален блогер кој склопи 17.212 индивидуални блог постови за engadget.com од 29 јули 2010“.
Пола Македонија или 1.057.400 македонски корисници се на Интернет, покажува најновата, од јули 2010 год., статистика на Internet World Stats. Тоа е 51% интернет пенетрација, што е солидна споредено со другите балкански земји.
Google тестира опција на страната со резултатите што ќе ви ја прикаже веб страната пред да кликнете на линкот. Доволно е само поставување на глувчето врз линкот и ќе ви се прикаже како изгледа сајтот. Интересно не се прикажуваат рекламите на сајтот.
Сервисот за микро-блогирање во 140 карактери ги стартуваше Promoted Accounts, односно својата нова маркетинг шема. „Промовираните профили“ се исти како што пишавме претходно, работат така што се појавуваат во Who to Follow листата за сугестии. Целта е компаниите и сите заинтересирани да допрат до повеќе Twitter корисници и со тоа да имаат поголем број следбеници кои ќе ги читаат промотивните твитови. Промовираните профили нема да се појават ако никој од вашите следбеници и луѓето што ги следите не го следат тој профил.
BBC објави интересен текст „Зошто компаниите мора да го следат секој ваш чекор на Facebook, YouTube, Twitter“, во кој пишува за денешнава моќ на потрошувачот и како денеска компаниите не можат да си дозволат да бидат дрски, да ги игнорираат корисниците и со тоа да привлечат негативна репутација.
Vip Хрватска во соработка со Nokia стартува предизвик за хрватските програмери да креираат Symbian апликации во WRT или Qt фрејмворк.
Проблемот со Facebook четот е што го користиме за да разговараме со неколку пријатели, но не и со сите онлајн пријатели. Затоа постои опција за да се филтрира четот и да се остават само луѓето со кои си муабетите.
Весплатните Windows Live Еssentials 2011 алатките сега се достапни за симнување. Пакетот алатки содржи неколку веб базирани алатки Live Messenger, Photo Gallery, Movie Maker, Bing бар, Outlook Connector Pack и Silverlight, како и интересни сервиси како Family Safety (за менаџирање на дозволи за користење на компјутерот), Live Mesh (синхронизирање на фајлови преку облакот со компјутерот добивајќи пристап од секаде) и Live Writer (упдејтирање блогови од Wordpress и Blogger).