Apple влезе во правна битка за името „iPad“ во Кина

Proview, компанијата која го регистрирала името „iPad“ уште во 2000 година, тврди дека сега Apple им должат 1,5 милијарди долари. Ова не е прва правна акција од страна на Proview со тоа што во 2011 барале 38 милиони долари казна, но истрагата прекинала.

Apple во жалбата за пресудата на 5 јануари објаснува дека Proview ги продале правата на името „iPad“ на една британска компанија од која Apple потоа го купиле името уште во 2010 година.

Властите во Пекинг, според GlobalTimes, започнаа активна истрага за можното прекршување на договорот, а високиот суд на народот во Гуангдонг провинцијата веќе пресуди во корист на Proview за правото да го користат името „iPad“.

Според Proview, iPad-oт е добар продукт и е многу вреден од Apple, но тоа не значи дека треба се поддржат нелегални активности. Proview вели дека се подготвени за долгорочна легална битка, што во слободен превод може да значи „дајте ваму дел од колачот, за долго да не ве замараме”.

„Разбирам дека многу луѓе мислат дека нашата компанија игра валкано и се обидува да го уценува Apple. Но ние правиме се според законот и правилата, ако луѓето го разбираат целиот процес за вакви работи. Има премногу заблуда за нас, но ние ќе продолжиме да тужиме се додека не го добиеме тоа што го и заслужуваме,“ вели претседателот на компанијата, Јанг Ронгшан.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments