Хакери го објавија изворниот код на алатки на Symantec

Хакери што се нарекуваат себеси Lords of Dharamaja го објавија изворниот код на алатката за далечински пристап pcAnywhere на Symantec, која е една од најголемите безбедносни компании во светот.

Претходно хакерите бараа 50.000 долари од Symantec за да не го објави кодот. Хакерите кои стојат позади ова „изнудување” тврди дека ги прелажале Symantec да му понудат мито за да го понижат. Mejловите меѓу Symantec и хакерите се објавени на PasteBin.

Symantec тврди дека корисниците не се во никаква опасност затоа што изворниот код е премногу стар за да може да се искористи да предизвика штета. Изворниот код за pcAnywhere се појави на Piratebay.se, а од Symantec велат дека можно е во меѓувреме да се појават и други стари изворни кодови што исто така не се од никаква опасност, украдени од пробивањето на мрежата во 2006 година.

Symantec предупреди дека можно е наскоро хакерите да објават и други изворни кодови на нивен софтвер, меѓу кои и верзија од 2006-та година на антивирусот Norton Antivirus Corporate Edition и Norton Internet Security.

„Kaко што кажавме јавно, ова е стар код, и корисниците на Symantec и Norton не се ставени во опасност како резултат на оваа објавување.“, вели безбедносната компанија.

Сепак, овој пропуст сериозно може да му наштети на угледот на компанијата, и на репутацијата на популарниот софтвер. Можно е тој код да биде искористен за пробивање на поновите верзии за кои Symantec вели дека објавија нови закрпи.

Што се однесува до вас, корисниците на продукти од Symantec, добро е веднаш да го надоградите софтверот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@pipelinmkd
10 years ago

Го делам истото мислење со psyside.

psyside
psyside
10 years ago

Нема проблем, кодот е стар така да сеуште се ослонувам целосно на мојот trusty Norton :D

Stefan
Stefan
10 years ago

pcAnywhere ne e antivirus alatka, a Remote Control utility..