2 коментари 2 мин. читање 8 февруари, 2012

Секоја година двојно повеќе се сурфа од мобилни уреди, Nokia сè уште e прва

Nokia го зазема првото место во битката за тоа преку кои мобилни уреди на кој производител највеќе се сурфа на интернет. Според извештајот на фирмата за аналитика StatCounter Nokia e на првото место благодарение на добрата пенетрација на новите мобилни пазари како што е Индија.

Apple со утешително второ место и околу 29 отсто е далеку од 40% кои Nokia сè уште ги ужива на глобалната сцена. Но, Apple води во САД и Британија кои што се доста вредни пазари. Samsung, и покрај агресивните реклами исмевајки ги Apple фановите како чекаат да купат iPhone, е на третото место со 14 отсто од користењето на интернет преку нивните мобилни уреди. RIM е на четвртото место на кој стигна со неверојатен пад од 18 на 8 отсто.

Користењето на мобилни уреди за сурфање се покажува како се попопуларна алтернатива од веќе класичните методи за сурфање, со тоа што од 2009 година, секоја година двојно повеќе се зголемува користењето на интернет преку овие, споредени со десктопите или лаптопите, компактни и едноставни направи.

Во статистиката на StatCounter не се пресметани таблет компјутерите, бидејќи според компанијата тие не припаѓаат во мобилни телефони бидејќи не „можат да се стават во џеп“. Доколку се Apple би имал поголем удел благодарение на супериорноста која ја има iPad на пазарот. Таблетот на Apple има околу 60 отсто од пазарот на таблет компјутери.

Source: StatCounter Global Stats – Mobile Vendor (Beta) Market Share

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
iHater
iHater
14 years ago

da ima kako vie na apple ke i go ispusete!

Дедо Мраз
Дедо Мраз
14 years ago

Кај нас цената на "мобилниот" интернет е изгор. Далеку сме ние македончињата од светските трендови.

Мени
Заедница
Изглед
To top