Apple нема да биде конкуренција на Tesla; ќе соработуваат на платформа

Apple можеби и нема да произведува сопствени возила, но компанијата работи на софтвер кој ќе биде платформа за постоечките производители на автомобили. Промените во определбата на Apple да се откаже од паметно возило доаѓaат речиси истовремено со регрутирањето на Ден Доџ од BlackBerry на местото лидер на Project Titan. Тој е втор човек во Project Titan, и одговара единствено пред Боб Мансвилд, вели извештајот до кој дојде Bloomberg.

Иницијативата приоретизира развој на автономен систем за возење, но засега Apple не се откажува од возило. Автомобилот на Apple требаше да биде достапен до 2020 година, но сега е непознато дали ќе станува збор автомобил кој ќе биде доказ за концепт или возило кое ќе го произведува и продава Apple. Со оглед на тоа колкав е бројот на производителите на автомобили, но и компаниите како Google кои тестираат системи за автономно управување, се чини дека колку повеќе доцни, толку потешко ќе биде Apple да ги убеди производителите да го применат нивното решение.

Креирањето на систем кој ќе биде наменет за други компании, ќе биде ново искуство за Apple. Компанијата досега љубоморно ги чува iOS и Mac OS, па се чини дека креирањето и на двете, возило и систем за автономно управување, нема да биде реалност.

Креирањето на паметно возило или само на систем за автономно управување, но и заострувањето на конкуренцијата, како со Tesla, така и со Uber, пред неколку месеци доби некаква потврда со инвестирањето на Apple во Didi, кинеска верзија на Uber.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments