1 коментар 2 мин. читање 16 мај, 2016

Apple инвестира милијарда долари во кинескиот Uber

Компанијата од Купертино инвестира 1 милијарда долари во најголемиот конкурент на Uber во Кина, стартапот Didi Chuxing. Според Тим Кук ова е инвестиција во подобро разбирање на кинескиот пазар, пренесува Reuters.

Кинескиот стартап е проценет на 20 милијарди долари, а инвестицијата на Apple е најголема инвестиција од една компанија. Didi Chuxing секојдневно има 11 милиони возења или 87 отсто од целокупниот „такси“ транспорт со автомобили, и со тоа доминира на кинескиот пазар. Иако го нарекуваат „кинескиот Uber”, Didi Chuxing всушност го држи целиот кинески пазар, со операции во 400 градови наспроти 45-те на Uber China, вели CNBS

Друга шпекулација е дека Apple инвестира во компанијата имајќи го в предвид електричниот автомобил за кој подолго се зборува, иако сè уште не сме го виделе возилото. „Поради повеќе стратешки причини се одлучивме да инвестираме во Кина, а една од причините е да се запознаеме со одредени делови на кинескиот пазар. Се разбира веруваме дека инвестицијата во иднина ќе ни се исплати“, вели Тим Кук.

Засега единствениот сервис од Apple кој има некаква врска со автомобили е CarPlay, услуга која овозможува поврзување на телефонот со системот за забава во автомобилот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top