Apple се откажа од електричниот автомобил

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Apple последниве месеци нѐ воодушевува со очилата за проширена реалност Vision Pro, но долго време изгледаше дека следниот производ на компанијата ќе биде електричен автомобил. Ова не се случи, а за жал сега изгледа и дека никогаш нема да се случи.

Компанијата веќе интерно соопштила  дека се откажува од развојот на автомобилот. Директорот за операции Џеф Вилјамс и Кевин Линч кој беше задолжен за проектот, во 12 минутен разговор му ја соопштиле веста на тимот. Иако веста доаѓа одненадеж, не била изненадување за вработените со оглед на промените на приоритетите, пренесе TechCrunch.

Крајот на развојот на електричниот автомобил значи и преориентирање на дел од фокусот на тимовите. Наместо автомобил, сега компанијата се фокусира на развој на генеративна вештачка интелигенција.

Apple работеше на развој на електричен автомобил повеќе од 10 години. На Project Titan, што беше кодното име на развојот на електричен автомобил работеа околу 2000 вработени. Затворањето на проектот ќе влијае на најголем дел од овие вработени. Еден дел од нив ќе бидат префрлени во тимот кој работи на развој на вештачка интелигенција. Дел од нив може да се приклучат и на некои од другите тимови, но најголем дел ќе бидат отпуштени. Извори од компанијата велат дека отпуштањата веќе се започнати.

Apple работи на сопствена вештачка интелигенција. До сега не сме го виделе нивниот модел, но во јуни на WWDC конференцијата за девелопери, би можеле да ги видиме првите официјални информации за „Apple GPT“.

Крај за најамбициозниот проект на Apple

Project Titan неофицијално започна во 2014 година. Покрај 2000 вработени компанијата во развојот инвестираше неколку милијарди долари. Производството на автомобил на Apple беше една од поинтересните вести поврзани со компанијата. Низ годините се појавуваа различни информации, па дури и дека Apple планира да ја купи Tesla. Последната вест дојде на крајот на јануари, кога беше објавено дека Apple планира во 2028 година да започне со продажбата на возилата за 100 000 американски долари. Идејата на Apple била возилата кои ќе ги произведува да бидат потполно автономни, без волан и педали. Сепак, законската рамка, а по се изгледа и возилата и патната инфраструктура се далеку од овие можности.

Проектот за електрични возила е еден од најамбициозните проекти на Apple. Ова не е единствениот проект кој компанијата го откажала, но е еден од најголемите, и проект кој веројатно имаше најголема медиумска покриеност, иако имаше малку официјални податоци од Apple.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments