Хрватскиот Bellabeat веќе има 130.000 купувачи за паметниот накит Leaf Urban

0 коментари 1 мин. читање

Новата верзија на паметниот накит од на хрватската компанија Bellabeat веќе има 130.000 купувачи. Компанијата првите модели на новата серија ги продаде за еден час и заработи над 1,3 милиони куни, јави Netokracija.

 
Накитот има слична функционалност како и фитнес алките за мерење активност. Може да ги следи вежбите, тренинзите и спиењето. Алката е поврзано со телефон преку апликација која овозможува дополнителна функционалност. За разлика од претходниот модел Leaf Urban е водоотпорен, многу помал, а и полесен. Сензорите се подобри и можат да мерат попрецизно од претходниот модел. Можеби најимпресивна е најавата дека новиот модел може да работи и шест месеци помеѓу полнењата на батеријата.

„Над 130.000 потенцијални купци веќе покажаа интерес за Leaf Urban. Најголем предизвик е масовното производство. Уредот истовремено е и накит, па тешко е да се произведува во големи количества“, вели ко-основачот на Bellabeat, Сандро Мур.

Bellabeat има неколку производи досега. Leaf, Shell и Balance. Shell е уред кој е наменет за бремените кориснички, и помага за следење на текот на бременоста, а Balance е паметна вага која се поврзува со паметен телефон. Bellabeat започна да ги продава сите уреди заедно за да им олесни на трудниците, а сега се чини дека за Leaf сепак има поголем интерес и привлекува поголем број на купувачи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед