Интервју со Блаже Аризанов, ко-основач на храбриот индиски стартап StayUncle

Блаже Аризанов прв пат ја посети Индија како практикант пред пет години. Денес е вљубен во егзотичната земја каде заедно со Нанд Сиг и Санчет Сет го основа StayUncle, стартап кој го привлече вниманието на светските медиуми како Huffington Post и Business Insider бидејќи им се спротистави на конзервативните табуа.

Ако ви е познато името, Блаже можеби го знаете по неговата успешна краудфандинг кампања за Човекот после Мостот. Неговиот стартап StayUncle е едноставна идеја со огромен предизвик. Признаен како еден од најиновативните стартапи во Азија, StayUncle e платформа преку која парови можат да си резервираат хотел за неколку часа, без да бидат предмет на морално малтретирање. Индиската култура е строга спрема невенчаните парови кои јавно ја покажуваат својата љубов.

Ваквото табу во Македонија и западниот свет можеби ни звучи смешно, но во Индија често има случаи на физички напади врз младите кои се противат на традицијата. StayUncle го решава тој проблем така што им нуди приватност на вљубениот пар.

„Ние како и милиони млади луѓе сметавме дека тоа е бесмислено и тргнавме да го смениме“, вели Блаже. „Индија е земја на парадокси. Точно е дека во голема мера е сè уште конзервативна. Но, од друга страна се јавува наплив на млади урбани либерални Индијци жестоко предизвикувајќи ги сите стари табуа. Нашата услуга беше одлично прифатена и буквално експлодира. Број 1 апликацијата за дејтинг во светот Tinder моментално бележи најголем број на активни корисници во Индија“, вели Блаже.

12022481_10206671732063564_2001188746452607075_o

StayUncle е основан во Делхи пред две години, и веќе се профитабилни со над 200 букирања во последниве месеци. На почеток беа портал преку кој може да се резервираат 10 часа и да платиш хотел за само 10 часа, наместо 24 часа како што е традиционалната хотелска логика. Им помогна првата seed инвестиција и соработка со 33 хотели во Делхи и 10 хотели во Мумбаи. Разговараа и со локалните полициски станици за соработка, и нивната морална борба се пресели и на светските медиуми кои ги пофалија.

„Од една страна не обвинуваат за морален хазард, растурање на бракови и деградација на вредности. Од друга страна буквално младите нѐ поплавуваат со пофалби, па дури и благослови, фидбек од типот – Ни го спаси животот ни ја спаси врската. Чувството е неверојатно“.

13131260_10208070939522876_8880215159487438083_o

Блаже има уникатно искуство со македонската стартап култура која се гради по примери на западниот свет, и источната индиска култура. Според него, Индија е „најдоброто место во моментов да бидеш“.

„Индија забележа инјекција на финансиски капитал во стартапи во износ од 1,4 милијарди долари. Минатата 2015 година земјата дури и си доби свој dotcom тип на меур кога три од најголемите e-commerce стартапи имплодираа и банкротираа поради неодговорно трошење на аквизиција на нови клиенти. До неодамна пристапот до надворешен капитал беше речиси премногу лесен. Ние ја добивме нашата СЕЕД инвестиција само после еден „ладен” имејл“.

Но, водењето бизнис останува предизвик во Индија. StayUncle е можеби најдобриот пример за судир на културите, на модерното и традиционалното. Но, стартап културата е токму тоа – креирање бизнис кој ќе ги помести стандардите и животниот стил.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Во понеделник, 12-ти септември со почеток во 19:00 часот во Јавна Соба, Funky Coworking со поддршка на Стартап Македонија организира отворен настан каде што гостин ќе биде Блаже Аризанов, еден од основачите на контроверзниот индиски стартап StayUncle. […]